логоFacebookTwitterYouTubeeMail

01_14.jpg

21 јули 2016 лето Господово

На 6 јули Неговата Светост Патријархот Романски Данаил,01_14.jpg ги пречека во православната Семинарија „Патријарх Јустинијан“ во Букурешт, 190 свештеници од Митрополиите од Монтенија и Добруџа, кои овие денови ги посетуваат предавањата за курсеви за свештенички чинови. Неговата Светост ги благослови и ги охрабри во нивната пастирска активност.

„Многу ми е мило што ве гледам, особено бидејќи многу од вас сте од други епархии. Ги среќавам свештениците на Букурешката епархија два пати годишно на пастирски конференции и средби. Се молиме Господ да ви даде многу радост и полза од посетата на овие предавања и успешно да го положите испитот. Ова значи духовен напредок како и подобро обучување во ваква непрекината форма. Тематиката е обновена, но главна тема во оваа година е ’Религиозното образование на побожната младина‘. Ете зошто ве замолуваме да ја засилите оваа образовна и едукативна активност на младината, не само преку религиозни предавања во државните училишта, туку и преку дополнителни активности во парохијата“, изјави Неговата Светост.

Романскиот Патријарх ги поттикна свештениците да обрнуваат особено внимание на младите луѓе во нивните парохии. Светиот и Велик Собор на Православната Црква којшто неодамна се одржа на Крит, во своите посланија истакна дека грижата за младите луѓе во Црквата мора да биде интензивирана, спомнувајќи дека младите луѓе се не само иднината на Црквата, туку исто така и активна и креативна сегашност на Црквата, само доколку тие се секогаш во нејзина непосредна близина. Има многу талентирани млади луѓе кои се сметаат како Божји дар за семејството, Црквата и општеството.

Извор: The Orthodox Cognate Page

Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2973
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2807
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…