логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

локов2016 1

 локов2016 2

локов2016 3

локов2016 4

Објавено: 24 Јули 2016

На 24.07.2016 година, во Петтата недела по Педесетница и на празникот на св. вмч-чка Ефимија и преп. мч. Никодим Елбасански, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј изврши осветување на новиот храм „Вознесение Христово“ во с. Локов, Струга. Храмот започна да се гради во 2010 година, а се изгради по иницијатива на локалното население, а со донациите на сите локовчани, како и на сите добронамерни верници од пошироката околина и од дијаспората. Откако беше осветен храмот, според црковниот устав, се отслужи и првата Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Васко Голабоски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

Митрополит Тимотеј 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.Драги браќа и сестри, Во денешното евангелско четиво слушнавме како двајца луѓе, во кои се вгнездил лошиот дух, Го пресретнуваат Господа Исуса Христа. Овие јадни луѓе, од нечистиот, биле принудени да живеат во пештери. И тоа, онаму каде што ги погребувале покојните. Кога се приближил Христос до нив, тие, со силен глас, почнале да викаат: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш?" (Мт. 8, 29). Преку овие зборови, светата Црква нè поучува дека постојат невидливи лоши духови. Духови кои прават големи пакости, непријатности, мачења и им нанесуваат страдања на луѓето. Им внушуваат во умот и во нивната волја најразлични гревови кои луѓето, од човечка слабост, ги прифаќаат и ги извршуваат. Извршувајќи ги, се оддалечуваат од Бога, од правдата и од вистината, а со тоа, ги погубуваат своите души. Од денешното евангелско четиво слушнавме дека лошите духови, понекогаш, дури се вгнездуваат во некои луѓе, па така, тие луѓе се изобличуваат станувајќи нелуѓе. Лошите духови, всушност, се паднатите ангели, кои, по слободна волја, отпаѓаат од првобитната нивна задача, односно, да Го слават Бога. Лошиот дух, паднатиот ангел, односно ѓаволот, паѓа поради гордост. Таа негова горделива волја го води да прави само лошо и да постане човекоубиец. Па затоа и св. ап. Петар за него вели: „Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да проголта" (1. Петр. 5, 8).


Од Светото писмо знаеме дека демоните се појавуваат во најразлични облици. На себе земаат разни облици за да ги измамат луѓето и да ги наведат на грев, а со тоа, да ги оддалечат од Бога. На самиот почеток во Библијата се вели дека демонот се претворил во змија прелажувајќи ја нашата прамајка Ева да го наруши законот Божји, односно, да јаде од забранетиот плод. Ја излажал дека доколку вкуси од забранетиот плод, нема да умре, туку, ќе биде како бог. Таа му поверувала, вкусила, а потоа го намамила и Адам. Оттаму, уште од самиот почетокот, ѓаволот се нарекува човекоубиец (Јн. 8, 44).
Знаеме дека лошите духови постојат. Тоа може да се види и да се забележи во секојдневниот живот. Како што постојат ангели, кои се грижат да им помагаат на луѓето и да ја извршуваат волјата Божја, така, постојат и лоши ангели кои се отпаднати од Бога. Нивниот предводник Луцифер, оној што беше носител на светлината постана носител на темнината, а со тоа, човеконепријател.


Овие лоши духови имале голема сила во светот и правеле големи пакости. Особено, пред доаѓањето на Господа Христа, тие имале големо поле на делување и нивното присуство било многу поизразено. И сега, во Новиот завет, лошите духови делуваат, но, со помала сила. Моќта на демонот е скршена преку крстната жртва на Господа Исуса Христа, а на луѓето им се дава Божјата благодат за да победуваат во духовната борба.
Сите лоши духови се силни поради нашата слабост. Затоа св. ап. Павле нè советува: „Не му давајте место на ѓаволот" (Ефес. 4, 27). Кај луѓето може да се забележат најразлични слабости, страсти и гревови. Ќе го забележиме злото, пијанството, гневот, среброљубието, зависта, блудот, нечистотата, лагата и друго. Постојаното повторување на овие гревови доведува до бесоумие. Се поставува прашањето, од каде кај луѓето толку и такви гревови? Одговорот е многу јасен и очигледен. Сето тоа доаѓа од ѓаволот кој е носител на сите зла. „Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски. Секој, што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е роден од Бога. Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој, што не врши правда, не е од Бога" (1. Јн. 3, 8-10).
Со доаѓањето на Господа Исуса Христа, ѓаволот повеќе не е страшен за нас. Бесовите кога Го виделе Господа Христа викале: „Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш?" (Мт. 8, 29). Со ова се покажува дека Христос за демоните е мачење. Тие добро знаат што ги чека. Знаат дека ги чека пекол и мака. Тие несомнено имаат сила, но, секогаш се покоруваат на Бога. Тие, ниту во свињите не можеле да влезат без Божјо допуштање. Ако Христос е страшен за лошите духови, и ако тие треперат пред Бога, тоа значи дека тие не можат да бидат онаму каде што е Бог. Тие од таму бегаат. Па ако во нашата душа се всели Бог, тогаш и лошите духови ќе бегаат од нас како од оган.


Светата Црква ни дава средства како да се бориме со овие лоши духови. Тоа, пред сè, е духовна борба. Затоа, нè советува да се наоружаме со вера во Христа. Таа вера ги гаси сите огнени стрели кои се упатени кон нас од страна на лукавиот, а мечот духовен е славата Божја (Ефес. 6, 11-17). За борба против ѓаволот нема посилно оружје од постот и молитвата. Самиот Христос вели: „Тој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост" (Мк. 9, 29).
И ние да се поучиме од ова евангелско четиво. Да се наоружаме со молитва во Бога, која е најголемо оружје против лошите духови. Светите отци ја препорачуваат Исусовата молитва како најсилно одбранбено средство. Да ги повторуваме зборовите: Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот!


Ја користам оваа прилика да ви се заблагодараме за овој мал, но, многу вкусно украсен и изграден свет храм, посветен на светото Христово Вознесение. На сите ктитори, приложници, украсители и помагачи, им искажуваме искрена благодарност што се потрудиле, во овие простори во Малесија, да подигнат уште еден дом Божји. Нека домот Божји, посветен, народно кажано на Спасовден, послужи за миење, чистење, осветување, облагородување, и пред сè, спасение на секоја христијанска душа којашто со вера и надеж ќе влегува во него. На секоја душа којашто ќе бара прошка на своите престапи и ќе ја спасува својата душа. Со тоа да Му дозволат на Бога да се всели во нив, а преку тоа, од нив да бега лукавиот и секое зло.
Уште еднаш искажувам благодарност на црковниот одбор кој се потруди за организирање на оваа свеченост во овие топли јулски денови. Бог со вас! 5. недела по Педесетница
24.07.2016 год.
Храм „Св. Спас" с. Локов, Струга

локов2016 5

локов2016 6

 локов2016 7

 

 

 Извор: Дебарско- кичевска епархија



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

30/01/2026 - петок

+Преподобен Антониј Велики; Св. цар Теодосиј Велики; Св. маченик Георгиј Нов Јанински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари   2026

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари 2026

Делата засветлија во Православиетосо нив го замолкнавте злословието,победоносци станавте,ги обогативте сите со благочестие,и Црквата ја украсивте,

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила  29 јануари/16 јануари 2026

Тропар на светите Христови маченици Певсип, Елевсип, Малевсип и баба им Неонила 29 јануари/16 јануари 2026

Свети Христови маченициПевсип, Елевсип и Малевсип,како новонасадени маслини на гората Господова,имајќи таков силен корен во нивата Неонила,која со благодат се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная