Е да, шега е, но никој последовател на Христа, не може да има во срцето дури ни најпроста помисла дека постои човек кој ќе биде одделен од Бога, па макар и тој да е најлошиот на светот, најголемиот еретик и најголемиот богохулник кој постоел на земјата. Ние сме должни да се молиме за сите да Го познаат Бога во Светиот Дух и сите да го достигнат единството на верата и познанието на Светиот Дух.
Тропар на свети Григориј Богослов 25 јануари / 07 февруари 2024
Пастирскиот кавал на твоето богословие
ги победи трубите на говорниците:
бидејќи ја бараше длабочината на Духот,
Убавината се придружи во твоите проповеди.