Митрополит Атанасиј Лимасолски: Човекот е љубов по благодат – II дел
За љубовта, пак, можеме да кажеме дека е најмоќната сила на човечката душа, затоа човекот треба исто толку да внимава да ја активира на правилен, бестрасен и свет начин. Ако душевната сила на љубовта се активира на страстен начин, тогаш постои опасност човекот да ги претвори во идол различните нешта што ги сака: идеологии, философии итн., и потполно да им се предаде, бидејќи карактеристика на љубовта е да се предадеш на тоа што го сакаш.