Охрид,22ри ноември 2019 г.- храм Успение на Пресвета Богородица, н.Каленско
Св.Златоуст вака зборува за долготрпението: „Причината за секое добро е долготрпението. Тоа е корен на секоја философија, непобедливо оружје и неразрушлива кула која брзо ја отфрла секоја жалост. И како кога искрата ќе падне во бездна, таа не може на ниту еден начин да ѝ наштети, туку самата веднаш ќе згасне, така и сѐ што одненадеж ќе падне во долготрпеливата душа брзо исчезнува, и нема да ја поремети. Ни војски, ни богатства, ни коњи, ниту оружје, ништо – ништо рамно на долготрпението нема да најдеш, бидејќи често се случува кога гневот ќе го совлада оној што го има сето ова, тој се однесува како мало дете кое не знае што со себеси, од вознемиреноста и збрканоста. А долготрпеливиот како во засолниште пребива и со сладок спокој се насладува; па макар и да му наштетиш, не си ја совладал карпата, дури и ако си го понижил, не си ја растресол тврдината, дури и да го раниш, не си го изгребал дијамантот.“ Блажен е долготрпеливиот човек.
- Неговото долготрпение денес ни беше потик да се собереме и молитвено да го прославиме со сеноќно бдение.
Во дваесет и третата седмица по Педесетница на 22 ноември 2019 година, се празнува споменот на Св Нектариј Егински и Преподобна Матрона Царигратска
Радувај се, граду на Светата Троица!
Радувај се, мироварнице која ни излеваш миро!
Радувај се, Нектариј, Божји архијереју!
А преку проповета на о. Димче Азески, уште еднаш потврдивме дека пред Бога нема мртви, кој со преголема љубов зборуваше за овој Христољубив архиереј кој преку видение на една наша современа монахиња од Егина и се открил и рекол
Силно посакувам да им помогнам на луѓето
бидејќи Го гледам Христос.
Он сѐ уште е распнат…
Присутен сум во светот со своите мошти.
Свештеникот што ме познава,
нека ги благослови сите што доаѓаат,
барајќи олеснување, очистување или простување…
Моите мошти се мојот епитрахил, на земјата.“
За Преминпортал:
Дејан Блажески