![]() Архиерејска Божествена Литургија во Детроит ![]()
На 01. 07. 2007 година, во петтата недела по Педесетница, кога Светата Православната Црква го празнува денот на светиот маченик Леонтиј, во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Стерлинг Хајнц - Детроит, Неговото Високопреосвештенство Митрополитoт Американско-канадски г. Методиј отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
![]() ![]() ![]() После Светата Литургија, според традицијата на оваа Црковна општина, беше пресечен и славскиот колач во чест на преподобен Наум Охридски Чудотворец. ![]() известува: ѓакон Стеван Барјактаров |