логоFacebookTwitterYouTubeeMail

15г Премин Портал

НЕ Е КОРИСНА СЕКОЈА СЛОБОДА

ZD

Слободата што Бог ни ја подарил е Неговиот најголем дар. Но, заедно со слободата доаѓа и одговорноста. Слободата не означува разврат, непромисленост (јас правам што сакам, кога сакам и како што сакам), но најмногу означува одговорност. Како што вели светиот апостол Павле: „ Сè ми е дозволено, но не е сè полезно; сè ми е дозволено, но ништо не сакам да надвладее над мене “.

Бог нè создал и не оставил слободни, затоа што нашето спасение и заедништво со Него не треба да бидат резултат на насилие и притисок, туку резултат што произлегува од нашата слободна волја.

Повеќе...


Патување кон вистината


Елена Ончевска

 

Средба со режисерот Златко Славенски



Разговор за неговите понови проекти, но и најава на следното од него, постановката на култната Соларис.



Во Папокот на светот, како и во Војаџер, станува збор за патување по скалите кон небесата, односно во вселената, како своевидно патување кон самите себе. Славенски се согласува: „Да, во Папокот... главниот лик патуваше кон себе, наоѓајќи ја љубовта. Кога ќе ја најде љубовта, ќе се најде себеси, ќе ја најде смислата на нештата, ќе влезе во баланс со сé што го опкружува. Во Војаџер патувањето само по себе е смисла. Фокусот е на тоа да се најде сила во себе да се отиде во пространства што дотогаш не биле освоени, а тоа значи да се биде жив. Патувањето е еднакво на живеење.“   


Тој го гледа патувањето како „смисла на ниво на личност.“ Зборува за теоријата за патот на светлината: „Сите светлосни одрази, наши и на минатите цивилизации, некаде патуваат, само нема физички инструменти тоа да го видиме. Тоа патување на светлината е метафора за патувањето на човекот: ако патува, ќе биде како светлината, ќе ја осознае вистината.“


Продолжува: „Нашиот живот е патување, прашање е колку сме свесни за тоа. Патуваме и после смртта. Патуваме кон дома. Краткорочни сме, ама во нашиот дух сме долгорочни. Даден ни е тој благослов.“
Во време кога толку многу се инсистира на комотност, која луѓето сакаат да ја толкуваат како небрежност или мрзеливост во секој поглед, за жал и во духовен, патувањето сфатено во најширока смисла (значи, првенствено кон самите себе) сé повеќе добива димензии на отпадништво. Славенски додава: „Таквите патници се во исто време највеличествени, пример за луѓето. Се обидуваат да ги најдат патоказите во име на другите. Таа карактеристика ја имаат светците. (...) Битката со самите себе е најважната битка. Проблемот е што немаме патокази, или не ги забележуваме.“

Го потсетувам на ставот на познатиот Хундертвасер дека движењето на сé живо е базирано на принципот на спирала: постојано се движиме во спирали и се враќаме во истата точка но секогаш на различно ниво. „Да,“ вели, „движење во спирала, но нагоре. Секогаш е вертикала во прашање... Во прашање е избор.“

Пред изборот дали и како ќе го употребиме нашиот потенцијал за трагање по вистината, која секогаш е во нас но доволно длабоко за да мораме да ја жртвуваме комотноста на секојдневието, Славенски не се двоуми за својот избор. Решен да трага и понатаму (проектно, но пред сé лично), за десетина дена во рамките на Охридско лето го поставува капиталното дело на полскиот автор Станислав Лем, Соларис. Човекот кој не престана да работи со истиот творечки интензитет кога театарот минуваше низ турбулентен период, исто толку интензивно живее и во време кога се разнишани елементарните човечки квалитети. Не престанува да верува во потенцијалот на луѓето да се издигнат над својата падната природа: „Човечкиот дух мора да преживее. Прашање не е дали тоа ќе се случи, туку само кога.“ А ако негов критериум за добра претстава е искреност и непресметливост во обраќањето кон публиката, нема причини да мислиме дека и Соларис нема да биде барем исто толку моќна претстава, која во исто време поместува и сериозно замислува.
  



 Хундертвасер, Големиот пат




Хундертвасер, Сребрена спирала 
 


Хундертвасер, Спирално дрво






Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1351
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1617
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1474
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (28.02.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.02.2021)

Св. ап. Онисим; преп. Евсевиј; преп. Пафнутиј и Ефросинија 15 февруари/28 февруари 1. Св. апoстoл Oнисим. Eдeн e oд сeдумдeсeттe. Бил рoб на Филимoн, углeдeн и бoгат чoвeк вo градoт...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.02.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.02.2021)

  Преподобен Авксентиј Мошне угледен богаташ меѓу големците и дворјаните на царот Теодосиј Помладиот. Горејќи со љубовта Христова Авксентиј се замонаши и пребиваше уште недолго време во Цариград. Кога почнаа...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.02.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.02.2021)

  Преподобен Мартинијан Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што сѐ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди! Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.02.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.02.2021)

Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски Овој голем и свет маж беше извонреден толкувач и заштитник на Православието. Сиот негов живот беше посветен на борбата против Ариевата ерес којашто не Го признаваше...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.02.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.02.2021)

Тропар, глас 4.  Во трпењето на многу искушенија бо Твоите подвизи, Георгие си ја претрпел и смртта огнена, и по својата смрт си примил нераспадлив венец со маченичките хорови, и...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.02.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.02.2021)

http://preminportal.com.mk/pdf/Sv.Haralampije.pdf Тропар, глас4. Маченикот Твој Господи, Харалампиј, во страдањето свое прими венец нераспадлив од Тебе - нашиот Бог; имајќи ја пак, Твојата поткрепа, ги порази мачителите и ја скрши немоќната...

Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2021)

Светиот маченик Никифор Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник...

Од Верскиот календар на МПЦ (21.02.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.02.2021)

Светиот пророк Захарија       Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2021)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2021)

  Свети Партениј, епископ Лампсакиски Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај...

« »

Наука и Култура

Февруари 20, 2021
„МАКЕДОНИСИМО“ ЈА ДОЛОВУВА СУШТИНАТА НА МУЗИКАТА – АЛБУМОТ НА ТРПЧЕСКИ СО ОДЛИЧНИ РЕЦЕНЗИИ ВО САД

„МАКЕДОНИСИМО“ ЈА ДОЛОВУВА СУШТИНАТА НА МУЗИКАТА – АЛБУМОТ НА ТРПЧЕСКИ СО ОДЛИЧНИ РЕЦЕНЗИИ ВО САД

„Народната музика во неговата родна Македонија е преполна со ритмичка виталност и модална убавина. За Трпчески и многу други Македонци, таа е дел од секојдневниот живот и така е уште од детството. За ‘Македонисимо’, тој групирал песни и танци во шест…
Февруари 09, 2021
3.angeli.so.truba

Прашањето на идентитетот во фокусот на канадските и македонските уметници

Во Чифте амам, во Национална галерија, од 10 до 26 февруари ќе се одржи изложбата FLUX IDENTITY, на која динамичен дијалог на тема идентитет и неговата разновидност водат уметници од Канада и од Македонија. Автор на проектот и куратор е Светлана Младенов од…

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Јан 06, 2021 Ставови 327
ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ
Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од…

Кога некој ќе се потруди да те изгуби- ти потруди се да не те најде повеќе

Јан 05, 2021 Ставови 372
3.angeli.so.truba
Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека…

ПИЈАНМАНОВ: Уметноста е една од последните сили кои можат да го спасат човештвото

Дек 30, 2020 Интервју 288
3.angeli.so.truba
Прогласувањето национални паркови и зелени заштитни зони во југоисточна Македонија е исто…

Беседи

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (21.02.2021)

Во самиот почеток од прочитаната свангелска приказна, нашиот Спасител Господ Исус ХРИСТОС ни покажува на кого ја наменил оваа парабола. Таа е упатена кон сите оние кои во себе се...

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Митрополит Струмички Наум: Почетната благодат на митарот (20.02.2021 16:58)

Главната карактеристика, која го оформува профилот на луѓе каков што е фарисејот, е користењето на знаењето што останува по доволното чистење на енергијата на умот за судење и осудување на...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Закхеј (13.02.2021)

   Колкумина се навистина подготвени да се откажат од своето славољубие, од својата лажна слава; и колкумина се подготвени да изгледаат бедно или да служат за потсмев заради Господ Христос, и...

Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Митрополит Струмички Наум: Гноми, т.е. мислење (03.02.2021)

Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и...

Митрополит Струмички Наум: Дејствување сега и овде (30.01.2021 17:13)

Митрополит Струмички Наум: Дејствување сега и овде (30.01.2021 17:13)

Сѐ нешто чекаме да се случи, па да преземеме некакви конкретни чекори кон подобрување на нашиот духовен живот. На пример, подобри услови за молитва.Или, чекаме работите во нашиот живот да...

о. Сашко Николовски: Недела по Богојавление

о. Сашко Николовски: Недела по Богојавление

За денот и часот на второто Христово доаѓање нe се знае, така ни вели Светото писмо, но со сигурност знаеме дека тоа ќе биде кога повторно во светот ќе царува...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

« »