логоFacebookTwitterYouTubeeMail

15г Премин Портал


НА КАЛЕ - ПРОНАЈДЕНИ ТЕМЕЛИ НА СРЕДНОВЕКОВНА ЦРКВА


 


Поминаа речиси три месеци откако започна копањето на скопско Кале. На овој проект се ангажирани 250 луѓе, од кои повеќето се студенти по археологија, раководители на одделни сектори за истражување, меѓу кои и Љубинка Џидрова и Марјан Јованов од Институтот за историја на уметноста и археологија, м-р Силвана Блажевска, м-р Антонио Јакимовски и м-р Златко Видески од Музејот на Македонија, како и м-р Кирил Ристов од Музејот на град Скопје.


Иако на почетокот на истражувањата постоеле сугестии тие да бидат од затворен тип, сепак е одбрана сегашната отворената опција, со која според раководителот на истражувањата, археологот Драги Митревски, секој има можност да дојде и да види како се истражува. Во методологијата на модерното археолошко работење има еден многу важен момент, се настојува во урбана средина каде што има локално население, да се работи што е можно поотворено. На тој начин населението има можност да се запознае што се случува на неговата територија, за да може да изгради некој однос кон тоа наследство, да се грижи за него, да го чувствува како свое. Доаѓаат луѓе секојдневно, се сликаат, се интересираат, се носат групи ученици и гледаме дека навистина има ефект.
Позборувавме со раководителот на проектот  Проф. д-р Драги Митревски  за досегашните откритија на Кале и за сето она што се случувало на таа локација пред многу векови.

Што е откриено за овие речиси три месеци?


 
Ископана е поголема површина од неколку илјади квадратни метри и се надоврзавме на старите истражувања кои беа направени пред 40 години, но тие беа од помал обем. Сепак, ова не значи дека ќе го истражиме цело Кале, бидејќи тоа бара повеќегодишна континуирана работа. Потребно е време за да се истражи секој локалитет, а особено овој, бидејќи станува збор за град со долговековна историја со многу дебели напластувања на човеково живеење со илјадници години. На некои места имаме ископано и по пет метри во длабочина и се' уште наидуваме на остатоци од човеково живеење, а до здравата геолошка структура на некои места има да се копа уште толку. Досега откривме остатоци од енеолитскиот период. Тоа е време 4.000 години пред новата ера и, најверојатно, тогаш е настаната првата населба на Кале. Уште тогаш луѓето ги увиделе поволностите на земјиштето и формирале населба. Оттогаш во континуитет тој локалитет постојано бил користен за живеење до периодот по Втората светска војна.

По енеолитскиот период мислевме дека има целосен континуитет во сите периоди, но, според тоа што го откривме досега, произлезе дека, сепак, во некои праисториски епохи не се користел тој простор за живеење како што е, на пример, железното време, но тоа не значи дека воопшто немало живот таму, бидејќи остануваат огромни површини кои се' уште не се истражени. Има остатоци од раноантичкиот период што укажуваат на населба од помал обем. Во римскиот период, првите пет века од нашата ера, нема живот, бидејќи во овој регион главен град бил Скупи и таму е концентриран градскиот живот, но од доцната антика повторно почнува да се користи овој простор за живеење и најинтензивно е живеењето во преттурскиот период. Тогаш се гради населба заштитена со високи дебели одбранбени ѕидови и станува најмоќно место во овој регион. Со потпаѓањето под турска власт, Турците го согледуваат значењето на овој град и неговата моќ и продолжува животот и во целиот турски период и практично до втората половина на 20 век на Кале има живот.



Какви материјали до сега се пронајдени?

- Во јужниот бедем на скопското Кале во 12 и 13 век имало работилници за преработка на бронза, за топење и обработка на бронза и обработка на предмети. Моментално има сериозни индиции за постоење и на црква на тој простор од преттурскиот период. Има премногу елементи што укажуваат на тоа, како што се архитектонска пластика, остатоци од фрески, погребувања на христијани... Сите тие елементи укажуваат дека на овој простор се наоѓала и христијанска црква и само прашање на време е кога ќе биде откриена.
Досега најдовме огромна количина керамички материјал, керамички садови, од средновековниот и турскиот период и има огромен број монети. Археологијата со своите методи сака да проникне во човековото минато и тоа благодарение на пронајдените предмети кои зборуваат за карактерот на градбите, за густината на населеноста на одреден простор и за многу други работи. Неодамна најдовме еден многу симпатичен експонат од доцното бронзено време од 11-12 век пред нашата ера, керамичко свирче кое се' уште испушта прекрасен звук како пред 3.000 години во облик на риба. Преку материјалните остатоци успеваме да реконструираме дел од материјалната култура на еден народ, цивилизација, да проникнеме и во духовната култура, но тоа што не можеме да го реконструираме е нивната музика и нивните звуци кои се многу важен дел во живеењето на секој народ. Неодамна, на еден друг локалитет беше откриена и топчестата флејта и сега имаме можност да го слушнеме звукот што го произведувале луѓето пред 3.000 години. Тоа е посебен момент.

 Досега се пронајдени и делови од фрескоживопис, првично датиран во 13 или 14 век. Тие веднаш се однесени на конзервација во лабораторијата на Музејот на Македонија.
 
Фрескосликарството е пронајдено на ѕид во секторот со кој раководат археолозите Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура од Прилеп и Љубинка Џидрова од Музејот на Македонија.

- Фреските ги пронајдовме недопрени. Има и поголеми парчиња. Сочувани се боите, на еден дел има слој и од постар живопис. Веројатно се од 13 и 14 век. Пронајдовме и камен-бигор, карактеристичен за горни делови од црква. Но, се' уште не сме пронашле темели од храм. Имаме индиции каде приближно се наоѓа, но тие делови се' уште се затрупани и допрва треба да ги истражиме - објаснува Џидрова.

Местото го посети и Архиепискотот Охридски и Македонски Господин, Господин Стефан ... и беше видно заинтересиран за наодот ...
 

Во близината на местото каде беа најдени деловите од фреските е пронајдена и надгробна плоча со старословенски натпис.



 
 


Во доцниот среден век, на скопското Кале, изворите соопштуваат, постоеле најмалку три црковни храмови кои се уште не се убицирани на теренот. Имено, Скопје, во времето на српскиот крал Милутин (1282 - 1321) постепено почнува да се издигнува во важен центар на овој дел од Балканот. Во негово време, во Скопје, се градат и обновуваат поголем број црковни храмови и манастири. Дел од манастирите располагаат со имоти во скопско, но и пошироко. За ова сведочат грамотите од времето на Милутин и царот Душан (1331 - 1355) каде поименично се спомнуваат сите имоти кои им биле подарени на конкретните манастири во Скопје.

Меѓу средновековните цркви кои се наоѓале во утврдениот град Скопје, со својата монументалност, предничел  храмот посветен на Св. Богородица Троеручица. Иако за прв пат се спомнува во грамотата на српскиот крал Милутин од 1300 година, сепак, се смета дека истиот постоел и порано. Подоцна, во времето на царот Душан, црквата станала седиште на Скопската Митрополија. Токму во неа, на 16-ти април 1346 година, било извршено крунисувањето на Душан. Подоцна, на 21-ви мај 1349 година, во Скопје бил објавен и познатиот Душанов законик. Се претпоставува дека Законикот бил официјално објавен токму во црквата Св.Богородица Троеручица.

По паѓањето на Скопје во османлиски раце, во 1392 година, Црквата Богородица Троеручица постепено почнала да го губи својот сјај. Стотина години потоа, или поточно во 30-те години на XVI црквата била разрушена. Оттогаш повеќе не се спомнува во изворите.

Од времето на кралот Милутин се датира црквата Св.Прокопиј како и манастирот Св. Јован Крстител. И за овие два објекти се претпоставува дека се наоѓале на скопско Кале. Подоцна, по разурнувањето на црквата Богородица Троeручица, манастирот Св.Јован Крстител станал седиште на Скопската митрополија. Разурнат е во 1688 година.


Професорот и раководител на проектот, господинот Драги Митревски е особено чувствителен на прашањата за бројот на црквите кои би можеле да се пронајдат на Кале, како и на прашањето за локацијата на Јустинијана Прима. Неговиот став е  дека постојат многу индикации за тоа дека  Јустинијана Прима е токму  на Кале, дека на Кале имало многу повеќе Цркви, а не само три, но дека археологијата е сериозна наука и од тој аспект не смее да се говори за претпоставки. Едноставно, вели тој, треба да пронајдеме, да ископаме докази за активен живот од периодот на 6 век, па потоа да зборуваме за Јустинијана Прима. “Не велам дека тоа нема да се случи, туку велам дека сеуште не сме до таа фаза.“



Неколку денови, после нашето интервју со господинот Драги Митревски-раководител на проектот на Кале, на наше големо задоволство  медиумите објавија:


 
 


НА КАЛЕ ОТКРИЕНИ ОСТАТОЦИ ОД ЦРКВА [13.06.2007]

 


преземено од Волан

 Долж јужниот одбранбен бедем на скопското Кале, на најдоминантниот негов дел, археолозите открија остатоци од црква, која според градбата и пропратните елементи потекнува од подоцнежниот среден век.

Претспоставките се дека црквата била градена и обновувана во периодот на 12, 13 и 14 век. Има доста керамика и неколку гробови, кои покажуваат дека црквата била во употреба неколку векови во средниот век.
Тоа е христијанска црква - вели професорот Митревски, додавајќи дека сето тоа е поткрепено со безброј наоди на движен материјал, кои се пронајдени во гробниците околу црквата.



подготвиле: М.З./К.Т.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2497
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1674
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2159
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Чудото на иконата „Брзопослушничка’’

„Пред братската трпеза на ѕидот од памти век е напишана иконата на Пресвета Богородица. Веродостојност отците принесуваа и претходно и ние сега така се однесуваме, согласно нивните мислења, за изобразување на таа икона во времето на Свети Неофит, основач на тој манастир. Според историско мерење на времето од  Свети Неофит дури до нас протече веќе не помалку од 840 години, затоа што Свети Неофит живеел во XI век.

Повеќе...

Наука и Култура

Јуни 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Новата книга од Тихомир Јанчовски беше промовирана во „Буква“

Авторот несомнено е познавач на филозофските теории, што е видливо и во неколку синтагми и максими кои вешто ги проткајува во своите раскажувања. Како синтагми кои во историјата на филозофијата се врзуваат со Декарт, со Лајбниц или со Хусерл. Сепак, и покрај…
Јуни 10, 2021
38.machenici1

До 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби

Луѓето годишно користат повеќе од 1 милијарда пластични кеси, фрлаат 13 милиони тони пластика во океаните, трошат 17 милиони барели за изработка на пластика (еден барел има околу 159 литри) и убиваат повеќе од 100.000 животни со користење на…

Елвира, наставничката која се покажа како штит...

Мај 17, 2021 Друго од култура 394
38.machenici1
Игнатијева на својот профил на Инстаграм обично објавуваше мотивациони пораки врз свои…

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Апр 07, 2021 Литература 351
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како…

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Апр 04, 2021 Литература 438
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост,...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и...

Митрополит Струмички Наум: ПЕДЕСЕТНИЦА (19.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: ПЕДЕСЕТНИЦА (19.06.2021)

И после сѐ, како вообичаено, настана расправија за Него, и меѓу народот, и меѓу началниците и фарисеите. Меѓу оние со отворено и оние со закоравено срце. А секогаш, при која...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

« »