Која е разликата помеѓу кондак и икос?
Името на кондакот е поврзано со една случка од животот на свети Роман Слаткопевец. Тој бил родум од Сирија, а како ѓакон служел во Бејрут. При императорот Анастасиј I (491-518) служел во Константинопол, каде со тек на време станал псалт во црквата Света Софија. Но, не бил талентиран за пеење. Неуспехот го разжалостувал. Тој силно се молел на Пресвета Богородица.