Ставрески: Наградата за „Исцелител“ е големо признание за Македонија
„Исцелител“, кој е прва македонско-грчка копродукција, е сниман со работен наслов „Тајната состојка“. Во приказната се зборува за механичар, кој немајќи пари да купи лекови, му дава на татко му колач направен од украдена марихуана за да му ги ублажи болките од рак.






Удостој ме, Добротвору, да Те примам со духовните раце, како Симеон во она време, и да се насладам со Твојата добрина, зашто Ти си единствената моја желба и наслада. Откако со љубов духовно ќе ги запалиме сите свеќи на добродетелите, заедно со Симеон и Ана да Го пресретнеме Христа, Кој сака да дојде да ги освети оние што Го воспеваат.
Избави ме, Боже мој, од стравот што го понизува и срами Твоето создание. Те молам да не се плашам од денот, ниту од ноќта, зашто Твој е денот, и Твоја е ноќта. Нека не ме плаши ни гората, ни водата; зошто Ти ги создаде горите, и меѓи си поставил меѓу водите. Нека не ме плашат ни горските ѕверки, ни водните ѕверки, зашто сите животни се Твои, Господи. Нека не ме плашат ни соништа во ноќта, ни привиденија во денот,
Да се обидеме, да се потрудиме во деновите на Великиот пост да се украсиме со христијанските добродетели, за Господ да ни испрати внатрешна цврстина, за правилно да стоиме во верата.
На 15.02.2018 на празникот Сретение Господово, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештениците од тетовското архиерејско намесништво богослужеше Златоустова литургија во соборниот храм свети Кирил и Методиј во Тетово, на литургијата верниот народ се причести со светите тајни.
„Идејата за божемно ’мешање во Божјата промисла‘, е една антихристијанска, антиправославна идеја и типичен пример на класичниот светски хуманизам. Класичниот хуманизам (не она што ние сега под тој поим подразбираме, туку така како што во почетокот тој беше толкуван), е ерес на обоготворување на човекот.
Секој што се жали од мрзливост и од студенило во душата, треба добро да погледне во себе, да не влегла во него случајно некоја од оние помисли, што го влечат човекот надолу, наместо да го вознесат во височина. Такви мисли се секогаш оние преку кои присвојуваме нешто за себе, кога нешто си препишуваме себеси: успех во некоја работа, пофалба, забележување на недостатоците на ближниот
Во еден миг времето завршува за сите. И… настапува судот. Дај Боже да сме смирени и да знаеме дека таму, на оној страшен праг, треба да имаме љубов во срцата. Љубов, љубов и пак љубов. За да нè помилува Христос. Инаку, може да настапи бескраен мрак. Навистина бескраен мрак. Да нè дочува Бог.
Години наназад тој собираше пари во притворот на храмот „Св. Александар Невски“, каде што вообичаено се црквуваше, како и во некои други храмови од бугарската престолнина. Надворешниот му изглед, како на херој на Елин Пелин од други времиња, го привлекуваше вниманието на луѓето, а откако се разбра дека старецот ги подарува сите собрани средства на
Кога ја негуваме соборноста, ние на дело ја исполнуваме Христовата заповед: „Да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Јован 15,12). А само кога сме во љубов и слога, ние тогаш не забораваме да правиме добрини на сите, бидејќи само преку взаемно служење, едни со други, ние Му служиме и на Бога, Кој токму за тоа ни сведочи и нè поучува и во денешното евангелие,
Во околности на серуска* љубов кон сè што е окултно и паранормално, турските амајлии цврсто се вкоренети во Русија, која се покажа како благодатна почва за ваквите појави. Луѓето, изморени од долгогодишниот државен атеизам, започнаа да тежнеат кон верата. За жал, многумина ја достигнале единствено апстрактната „вера во душата“, која создава една каша од езотерични верувања
Што е човекот? – Сон и сенка. Ангелите, кои ја зеле неговата душа, се издигнуваат кон небото, таму каде што се началствата и властите – управителите на нечистите духовни сили. Тие се наши лоши обвинители; овде на земјава тие нѐ соблазнуваат и искушуваат, запишувајќи ги нашите лоши дела, а таму се наши мачители. Тие ја среќаваат душата на овој нејзин пат, ја набљудуваат и гревовите нејзини ги набројуваат – гревовите на
Затоа, штом на овој свет пат почувствуваш во својата душа најголеми и најсилни искушенија, знај дека тогаш твојата душа навистина таинствено навлегла во нов и повисок степен и дека благодатта нејзина е преумножена во новата состојба, во која е поставена, зашто е својствено на величината на благодатта – да ја воведува душата во соодветни големи искушенија.
– Во светилникот на твојот живот има уште многу елеј. Но доколку го скршиш, тогаш елејот ќе се разлее и светилникот ќе изгасне. Таков е и животот! Бог ни го дава тој скапоцен дар. Ние луѓето го примаме и должни сме да го чуваме, а не да го изложуваме на бесмислени опасности. Биди внимателен и внимавај на твојот светилник!
Зависта може да биде емоционална реакција, но може да биде и постојан емоционален комплекс, навика, страст. Како емоционална реакција, зависта е карактеристична за инфантилниот период од развојот на личноста, и е пропратена со невротичен комплекс на себепонизување и идеализирање на другиот. Како страст, зависта се заснова врз несоодветна проценка, градење слика за себеси, комплекс на постојано споредување со другите.
Да ви кажам и јас нешто деца. Што навистина да правите во една таква црква? Одите рано, наместо да спиете во недела, одите на места каде што мажите стојат од едната, а жените од другата страна, стојат исправени, зборуваат на јазик од кој ништо не разбирате, музиката е сосема различна од онаа на која сте навикнале, излегува некој брадосан човек, држи нешто од кое излегува чад. Е какви се тие работи, што да правите во црквата?
На 8 февруари 2018 г. во просториите на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен оствари работна средба со директорот на Агенцијата г. Никола Шалваринов, во насока на продлабочување на досегашната соработка, и понатамошно заедничко делување
Во моментов во манастирот живеат околу 5 монахињи. За време на посетата, Александрискиот Патријарх, официјално се сретна со првата игуменија. Притоа, во својата проповед, Патријархот истакна дека „монаштвото не е презир кон светот, туку поттик за негово преображение – преображение, покајание во Христа и спасение“.
























