Божествена Литургија во населбата Ѓорче Петров (14.02.2016)
На 14.02.2016 година кога Православната црква молитвено си спомнува за св. Трифун; св. Перпетуа, св. Фелицитате, св. Сатир и др. со нив, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан благоволи да служи Божествена литургија во црквата Св. апостоли Петар и Павле во населбата Ѓорче Петров. По Светата Литургија беа доделени благодарници на заслужни граѓани за нивната помош при обѕидување на храмот и изградбата на камбанаријата.