Нем трепет, восхит... будење пред Неговото чудесно присуство во храмот на св.вмч. Димитриј, Скопје
Почнувајќи од утринските часови, па во текот на целиот ден, свештениците во храмот како и мноштвото граѓани беа сведоци на необјаснивото, за рацоиналниот човечки разум, заживување на фреските кои што небаре само што беа реставрирани, а сепак човечка рака ги нема допрено. Особено беа впечатливи чистите и јасни бои на ореолите на светиите, како и блескавите крилја на ангелите на фреските.Дури и многуте новински и ТВ екипи кои веднаш по првичната вест за самообновувањето на фреските беа во храмот.