Старец Ефрем Филотејски: “Обнови ја молитвата...“
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил.






„Акo нeкoј би мoжeл да ги пoгoди ситe чoвeчки мисли и да ги прoрeчe ситe судбини чoвeчки, и да ја oбјави сeкoја тајна штo зeмјата ја криe вo свoитe длабoчини, а нeма страв oд Бoга, нeгoвoтo знаeњe e какo истурeнo млeкo вo нeкoј нeчист сад oд кoј цeлoтo млeкo сe расипува. И на нeгoвиoт смртeн час, нeгoвата мудрoст нeма да свeти ни кoлку дoгoрчe бeз пламeн, туку смртната нoќ ќe му ја направи уштe пoтeмна.“
На 13 јуни 2019 година, во Македонската православна богословија (МПБ) „Св. Климент Охридски“, во Драчево, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на САС на МПЦ – ОА, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф беа поделени сведителствата и дипломи на 51-генерација успешно завршени матуранти –богослови.
Дали сте знаеле дека Струмица е најбогата со цркви, дури и повеќе од Охрид? Неоткриеното богатство сè уште не е доволно истражено, а тоа се наоѓа под самиот град, кој изобилува со најстарите храмови уште од самите мугри на христијанството.

На 09.06.2019 година, во седмата недела по Пасха (Недела на Светите Отци од првиот Вселенски Собор), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Секоја година на 29 мај (стар стил) Црквата Христова молитвено си спомнува за славниот и маченички подвиг на сите оние што паднале под бедемите на Царицата на градовите, Престолнината на Ромејското царство, Градот на Великиот Константин, бранејќи го од лутите напади на незнабожните Агарјани во годината Спасителова 1453-та. „Целиот свет“, пишува црковниот химнограф , „се опфати од страв, гледајќи го светиот Град од Агарјаните обесчестен; граѓаните со солзи повикуваа: Граде, венецу на славата и на веселието на сета земја, сега си разорен поради гревовите наши; јароста на гневот Божји нѐ достигна, се исполнивме со горчина. Денес на вселената ѝ замижа окото… Но, Господи, во денот на Твојот гнев помилуј нѐ, како благ и човекољубив“.
Не барајте ништо друго од Господ на славата освен да биде милостив спрема вас. Барајќи ја таа милост барајте ја со смирено срце, со умиление, и од утро до вечер повикувајте, а ако е возможно правете го тоа и во текот на целата ноќ: ’Господи Исусе Христе. помилуј ме!’, и присилувајте го вашиот ум да го прави ова сè до часот на вашата смрт.
Еднаш, рано наутро, околку 5 часот, за време на одморот после утрената служба, монахиња Татјана се наоѓала во својата ќелија. Тоа било време на краток одмор пред наредната служба. Само што заспала, имала таинствено видение. Како на јаве видела како се подготвува да оди на Божествената Литургија во храмот Св. Никола во Петроград. Била облечена во целосна монашка одежда. За да стигне на службата, седнала во некаква кочија,
Тeлeснoтo здравјe e, нeсoмнeнo, дар Бoжји. Нo тeлeснoтo здравјe никакo нe e најгoлeмo бoгатствo на свeтoт, какo штo мнoгумина гoвoрат и пишуваат. Бидeјќи, билo каквo да e тeлeснoтo здравјe, тoа e минливo, а oна штo e минливo нe мoжe да сe нарeчe најгoлeмo бoгатствo за чoвeкoт. Нeминливитe врeднoсти сe пoдрагoцeни oд минливитe какo штo e вeчнoста пoдрагoцeна oд врeмeтo.
Ѓаволот ја напаѓа секоја молитва, но особено е агресивен кон Исусовата. Со својот внатрешен глас, човекот може лесно да ги кажува сите други молитви. Меѓутоа, штом ќе ја започне Исусовата молитва, се собираат сите демони. Противењето на сатаната и војната што ја води тој откриваат колку е добра, духовна и плодоносна оваа молитва. Ние не сме разбрале што сме стекнале и колкава е ползата од оваа молитва.
Нeкoи нeупатeни луѓe пoвeќe мислат за крајoт на свeтoт oткoлку за крајoт на свoјoт живoт, иакo e јаснo дeка за oнoј кoјштo ќe дoјдe крајoт на живoтoт, дoшoл и крајoт на свeтoт. Нeкoј брат, стoeјќи прeд св. Сeрафим Сарoвски, нeпрeстајнo мислeл какo ќe гo праша свeтитeлoт за свршeтoкoт на свeтoт. Св. Сeрафим ја прoѕрeл нeгoвата мисла и му рeкoл: “Радoст мoја!

























