логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Павилјонот на Република Северна Македонија
со наслов „Оваа зграда зборува (на) вистина”
добитник на главната награда „Златна Трига“ на Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор 2019




Почитувани,

Павилјонот на Република Северна Македонија со наслов „Оваа зграда зборува (на)вистина” на вчерашното доделување на наградите на Прашкото Квадриенале за перформанс дизајн и простор  (6-16 јуни 2019 година) ја доби главната награда „Златна Трига“ која се доделува за најдобра изложба и претставување на оваа манифестација.  „Оваа зграда зборува (на)вистина“ е дело на уметникот Филип Јовановски и кураторката Ивана Васева, продуцирано од Музеј на град Скопје и неговата директорка Фросина Зафировска и беше во конкуренција со 79 земји од светот.

Интернационалното жири гласаше во широк спектар на категории, вклучувајќи изложбено искуство, најветувачки студент талент, најдобар кураторски концепт или награда за животно дело - вкупно 28 награди. Жирито на Прашкото квадриенале во 2019 година се состоеше од Дорита Хана, Тим Фостер, Џим Клејбург, Лиу Ксинглин, Софија Пантуваки, Роберт Капловиц, Јарон Абулафија, Содја Лоткер, Омар Рајех, Моника Раја и Кејт Бејли. Наградата ја дизајнираше архитект Петр Бакош. Според статутот на ПК, наградите ги доделува Министерот за култура на Чешката Република по препорака на меѓународното жири, со исклучок на ПК Младинска награда, која директно ја доделува младинската публика.

Објаснувањето на жирито за престижната награда за „Оваа зграда зборува (на)вистина“ вели: „Оваа изложба е повеќеслојна заедничка работа која ги спојува многуте форми на сценографии: простор, сцена, изложба, меморија, заедница и комуникација. Тоа покажува како перформансите активираат изложбен простор, како дизајнот поттикнува наратив и сценографијата станува активизам во и надвор од политичкиот контекст. Златната Трига оди кај Република Северна Македонија ".

Павилјонот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ се состои од просторна инсталација со перформативен дел со актерката Кристина Леловац, која е дел од „Изложбата на земји и региони“ и се изведува секој ден од 13 часот; кратко видео насловено „Кино Култура“ кое е дел од архитектонската изложба на простори за изведувачки уметности (Performance Space Architecture Exhibition) и двојазична публикација.

Публикацијата  за овој проект,  уредена од Ивана Васева и Филип Јовановски, претставува зборник од текстови на неколку истакнати автори од областа на визуелните уметности, перформансот, театарот, архитектурата и културните политики, како Биљана Тануровска Ќулавковски, Борис Бакал, Оливер Фрљиќ, Ана Виленица, кураторски текст на Ивана Васева, осврт на сите активности од иницијатвата „Кога зградите би зборувале“ на Филип Јовановски, интервју со Кристина Леловац, текст за архитектурата на Железничка зграда од Томе Димитриевски како и анкета со жителите на  Железничка зграда спроведена од организацијата „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“ во соработка со Симона Димковска, Марија Гелмановска и Јана Кастратовиќ.
На отворањето на павилјонот на 7 јуни настапуваше Телемама.

Павилјонот на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале насловен „Оваа зграда зборува (на)вистина“ се перформира во размер 1:100 како едно кондензирано искуство од минати активности, како архива од повеќе времиња кои би требало и во живо да ни кажат: Ако успееме овде, можеме да успееме секаде! А токму тоа е и дизајнот на перформативната агонистичка заедница.

Проектот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Соработници: Кристина Леловац, Биљана Тануровска Ќулавковски, Драгана Заревска, Владо Караев, Анџела Петровска, Виолета Качакова, Слободан Унковски, Борис Бакал, Симона Димковска, Марија Гелмановска, Јана Кастратовиќ, Томе Димитриевски, Ана Виленица, koma.mk, Јасмина Ѓоргиева, Бехар Далипи, Ана Василева.
Продукција: Илија Тирицовски, Горјан Атанасов, Марко Наумовски, Сашко Потер Мицевски, Александар Котевски, Стојанче Цавировски, Владо Димоски, Тони Трајковски (Дизајн на конструкции дооел, Скопје), Иванчо Велков, Мембранинг студио, Скопје.

Изведбениот дел од павилјнот предизвика голем интерес кај публиката на квадриеналето. Секојдневната енергична и посветена изведба на актерката Леловац ја комплетира сликата за просторно изведбениот проект кој жирито го оцени како најсоодветен за овогодншната тема.
Поради големиот интерес за перформансот и по барање на организаторите и жирито, најавени се повеќе од една изведба дневно.


Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор е основано во 1967 година со идеја да се прикаже најдоброто од перформанс дизајнот, сценографијата и театарската архитектура како значаен дел од културните активности кои треба да бидат искусени од професионалните и младите уметници, како и пошироката јавност. Квадриеналните изложби, фестивали и образовни програми дејствуваат како глобален катализатор на креативниот напредок преку поттикнување на експериментирање, вмрежување, иновации и идни соработки. ПК има за цел да им оддаде чест, да ги поттикне и да ја прослави работата на дизајнерите, уметниците и архитектите додека инспирира и едуцира публика, кои се најважен елемент во која било изведба во живо.
Прашкото квадриенале  се стреми да го презентира перформанс дизајнот како уметничка форма која се занимава со создавање на активни перформативни средини, кои се многу подалеку од само декоративни или убави, туку емотивно обликувани, каде што дизајнот може да стане потрага, прашање, аргумент, закана, одлука, агент на промени или провокација. Перформанс дизајнот е колаборативно поле каде дизајнерите се мешаат, осигуруваат и замаглуваат линии меѓу повеќе уметнички дисциплини за да бараат нови пристапи и нови визии.

Прашкото квадриенале организира голема програма на интернационални проекти и активности помеѓу главните квадриенални настани – перформанси, изложби, симпозиуми, работилници, резиденции и образовни иницијативи кои служат како интернационална платформа за истражување на практиката, теоријата и образованието на современиот перформанс дизајн во своите најшироки термини.


Повеќе на:

Награди: https://www.pq.cz/2019/06/12/prague-quadrennial-awards-2019/
Прашко квадриенале за перформанс дизајн и простор:
https://www.pq.cz/2019/03/07/prague-quadrennial-2019-at-prague-exhibition-grounds-11-days-79-countries-800-artists-600-events/
Фотографии: https://www.facebook.com/praguequadrennial/
Повеќе за концептот на павилјонот:


Повеќе за павилјонот „Оваа зграда зборува (на)вистина“
Извадок од кураторскиот текст на Ивана Васева

Бришењето, криењето или игнорирањето на трагите на заедништвото, солидарноста, одговорноста, од колективната меморија на локалната историја e само чекор кон акцелерирање на неолибералниот светоглед кој ги приватизира и хиерархизира сите односи во општественото живеење. Сево ова води кон речиси непрепознатлива промена на локалниот контекст, влијаејќи и трансформирајќи цели заедници и различни општествени слоеви, како и на целокупното општествено ткиво.
Во средината на заедничкиот двор и заедничката киносала на станбената Железничка зграда одекнуваат прашањата: Како заедно да живееме подобро? А ехото сѐ повеќе го повторува прашањето во речиси руинираната зграда којa ја чува идејата за заедницата, одговорноста и солидарноста во средината градот, разнебитен и корумпиран. И токму тука може да се отворат конфликтите кои потенцијално креираат нови процепи во генералната општествена структура.
Железничка зграда во Скопје е градена како периметарски колективен блок за живеење на вработените во Железницата на Југославија и е завршена кон крајот на 40-тите години на 20 век. Таа има сопствен двор, имала колективни перални кои се трансформирале во станови после скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година,  но и сопствено кино како  заеднички простор, каде што во еден момент 400 деца гледале филмови.
Токму солидарноста, заедништвото, одговорноста го градат скелетот, структурата или дизајнот на долготрајниот перформативен и колаборативен проект „Кога зградите би зборувале“ кој започна во 2015 година и сѐ уште трае.
Иницијативата „Кога зградите би зборувале“ е перформативно искуство што постои од 2015 година во Железничката зграда и е поттикнато од организацијата „Факултет за работи што не се учат“ (ФР~У).  Тоа се изведува себе си и постои преку перформативноста, т.е изведува активен простор или заедница како естетски и етички процес на создавање односи и врски.  Па така, дизајнот на перформансот не е физички изградена кулиса, иако постои како архитектонски простор – киносала, туку е искуствен, обликувачки, емотивен и уметнички процес, формирачки и трансформативен, кој сака да стане заедница која ќе се грижи пошироко од уметничкото делување или прагот на сопствениот дом. Тој е составен од современ крос-дисциплинарен ангажиран пристап кој обединува елементи од визуелните и изведувачките уметности, проширувајќи го нивниот обем и рамка и се залага за зачувување на значењето на јавното и јавниот простор.
Павилјонот на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале насловен „Оваа зграда зборува (на)вистина“  се перформира во размер 1:100 како едно кондензирано искуство од минати активности, како архива од повеќе времиња кои би требало и во живо да ни кажат: Ако успееме овде, можеме да успееме секаде! А токму тоа е и дизајнот на перформативната агонистичка заедница.
„Оваа зграда зборува (на)вистина“ е составен од три дела: инсталација со перформативен дел што е дел од „Изложбата на земји и региони“; кратко видео насловено „Кино Култура“ кое е дел од Performance Space Architecture Exhibition и двојазична публикација. Проектот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Им изразуваме голема благодарност за соработката на: Јанез Јанша (Маска, Институт за издаваштво, продукција и едукација, Љубљана), Мишко Зиноски (Архитектонски факултет – Скопје), Ана Виленица, Ѓорѓе Краишник, Слободан Кочевиќ, Иван Џијановски, Томе Каревски, Павле Игновски, Филип Аврамчев (Универзална сала - Скопје), Кино Култура, Скопје, Кинотека на Македонија.




Срдечно,

Фросина Зафировска

Филип Јовановски

Ивана Васева

--
Ivana Vaseva
Program director and curator
Faculty of Things that Can't Be Learned (FR~U)
AKTO Festival for contemporary arts
http://www.akto-fru.org
+ 389 (0)70 905 212
Skopje, Macedonia
 

 

    



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Септември 25, 2023
Snimatel.Naum

Наум Доксевски, кинематографер на „Домаќинство за почетници“: Со Горан бевме согласни дека најважно е да ја доловиме емоцијата на платното

На денешната прес –конференција екипата на филмот „Домаќинство за почетници“, кој беше прикажан на свеченото отворање на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ проговори за текот на снимањето, раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето, кастингот…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1861
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 2182
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Мар 09, 2023 Интервју 2054
Jovana.matevska
Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел…

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

14/07/2024 - недела

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преп. патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная