Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (13.08.2019)

Слава Му на Господа и на Неговото милосрдие. Он толку многу нe возљуби, што ни Го даде Светиот Дух, кој нe учи на сe она што е добро и ни дава сила да го победуваме гревот. Господ заради големото Свое милосрдие, ни ја дава благодатта, и ние сме должни цврсто да ја чуваме, за да не ја загубиме. Оти без благодатта, човекот е духовно слеп. Слеп е оној, што го собира богатството во овој свет. Тоа значи дека неговата душа не Го знае Светиот Дух, не знае колку е Он сладок, и затоа е поробена од земното.








“Кога ќе ги разбереме причините за тагата, таа престанува да биде страдање”.
Под раководство на египетското Министерство за културно-историско наследство, беше завршена реставрацијата на поширокиот простор на манастирот св. Екатерина. Во проектот беше вклучено и комплетното уредување на околината, подобрување на патната мрежа што води до манастирот и до врвот на планината Синај, како и обезбедување на поголем паркинг простор.
Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, кон неговата душа.

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во црква, се подвизуваш и постиш, не треба да ти се случуваат страдања. Исто така, не смееш да мислиш дека оние што грешат и хулат на Бог живеат поубаво. Страдањата и искушенијата се сигурен знак дека си Христов слуга, дека одиш по тесниот пат. Што вели Христос?
“Синкo, пoтруди сe сeкoгаш да бидeш прoст и нeзлoбeн. Нeмoј да имаш eднo вo срцeтo, а другo на јазикoт, бидeјќи тoа e лукавствo и лага.
Само со љубов кон ближниот и смирение пред Бога, човекот може во својот живот да го види Творецот, и да се надева на Неговата милост.

Овој род се истерува само со молитва и пост. Ако овој род се изгонува со молитвата и постот на некој друг, тогаш уште понемоќен е овој род да влезе во човек што самиот се моли и пости. Ете ти ограда! Има многу бесови, и сиот воздух е исполнет со нив. А сепак, тие не можат ништо да му направат на човекот што е ограден со молитва и пост.
Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на свети апостол Петар, првоврховниот меѓу апостолите, заедно со свети апостол Павле. Подарок со овој број: „Кога сум слаб, тогаш сум силен“, поуки од Светите отци за болестите.
























