Митрополит Лемесоски Атанасиј - Улогата на духовникот (1)
Многупати сите забележуваме дека многумина го почнуваат духовниот живот со ентузијазам среќавајќи некој духовен човек, свештеник или монах, и им остава впечаток првиот, вториот, третиот пат. Се обидуваат да му пристапат што повеќе, да примат совети и да ги применат во својот духовен живот. Меѓутоа, во еден стадиум на тоа движење забележуваме дека тие луѓе некаде наоѓаат тешкотија, товар.