Молитва на св. Наум, исцелител на болните
Светителу, оче наш Науме, брзо услиши не и исцели го Божјиот слуга ( име ) со твоите молитви, да не речат неверниците : Каде е неговиот Бог ? О свет и преподобен оче Науме, покажи ја и на овој Твој слуга твојата сила што ти е подарена од Семоќниот Господ и која и досега си ја покажувал на безброј болни и немоќни кои и приоѓаат на твојата чесна рака со вера, покајание и молитви. Направи го целосен, здрав душевно и телесно ; одгонувај го и изгонувај од него пакосникот на човечките тела -- ѓаволот ; закрепни го неговото тело со здравје и сила,