логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020 15:44)



Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во Царството Небесно (Матеј 5, 20).

Двапати, ние христијаните, влегуваме во Царството Небесно. Првпат, кога го откриваме местото на срцето, т.е. кога енергијата на нашиот ум се соединува молитвено со својата суштина во нашето духовно срце, т.е. кога го добиваме дарот на умно-срдечната молитва – затоа што Царството Небесно е внатре во нас (Лука 17, 21). И вторпат, кога се упокојуваме. Најсигурно е, уште во овој живот, да си го очистиме срцето свое од страстите, доволно за во него да се пројави благодатта Божја на Светото Крштение, а енергијата на умот, привлечена на тоа место, молитвено да се соедини со својата суштина и на тој начин да го обезбедиме нашиот конечен влез во него, однапред.

Сте слушале дека им било речено на старите: „Не убивај! А кој убие, виновен е пред судот“. Јас, пак, ви велам дека секој што се гневи на братот свој без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече братот свој „празноглав“, ќе биде виновен пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече „будала“, ќе биде виновен за во пеколот.

Дали тоа значи дека ако на братот се гневиш со причина, нема да бидеш виновен пред судот? Не! Со овие зборови Богочовекот Христос сака да ни каже дека никогаш не треба да се гневиме на нашиот ближен, т.е. на кој било човек. Слушнете го објаснувањето. Доколку примиме и прифатиме лоша помисла за својот ближен, која ќе ни ги смени нашите чувства (на пример – гнев) и расположение кон него, тогаш многу лесно можеме да згрешиме и со збор, и да го наречеме – „празноглав“, а на крај, може да се случи и да згрешиме на дело – нарекувајќи го „будала“, затоа што тој збор е тешка навреда, која може да предизвика остра реакција на дело од другата страна, а голема е веројатноста дека иста таква ќе следува и од наша страна. Еве зошто си виновен за суд, зошто за врховен суд и зошто за во пекол. Затоа што покажуваш симптоми на религиозна невроза (лоши помисли и чувства), на религиозна психопатија (лоши зборови и дела), кои можат да завршат со демонизираност, односно со ланец од враќање зло за зло.

Како православниот христијанин одговара на стореното зло (со збор или на дело)?

Оној кој се наоѓа на првиот степен од духовниот развој – очистување на срцето од страстите, има сила да одговори на таков начин што, наместо човечката, ќе ја бара Божјата правда, т.е. дали неговите мисли, чувства, зборовите што би сакал да ги каже и делата што би сакал да ги преземе се подобни на Христовите или не се. Во таа проверка сигурно ќе утврди дека не се подобни или слични, и на тој начин ќе ја утврди својата вина, ќе се смири пред ближниот, ќе побара прошка и по молитвата кон Бог, ќе гледа како да се поправи.

Оној кој се наоѓа на вториот степен од духовниот развој – просветлување на умот со дарот на умно-срдечната молитва, има сила да одговори на таков начин што во стореното зло ќе го види суштинскиот човеков копнеж и прашање – ме љубиш ли?; и ќе најде начин, на стореното зло, да одговори со љубов.

Оној кој се наоѓа на третиот степен од духовниот развој – обожение, со слободата што ја има пред својот Небесен Отец, просто ќе измоли прошка од Него за оној што му нанел зло – Оче, прости им, не знаат што прават.

Секој треба да го направи тоа за коешто има сила да го направи. Еве ви пример за тоа што се нарекува восогласување на начинот на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме.

И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со братот свој, а потоа дојди и принеси го дарот. Измири се со противникот твој навреме, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на слугата и да бидеш затворен; вистина, ти велам: нема да излезеш оттаму сè дури не го дадеш и последниот кодрант (Матеј 5, 20–26).

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си го покрил пред Бог злото што ти го нанел, затоа што наместо да се соединиш со Христос, тоа ќе ти биде излегување на суд и ќе отпаднеш од Него. Вистина, ти велам: нема да можеш да се вратиш додека не остане прав и пепел од твојата гордост, а тоа ќе се случи по соодветно страдање.

Гледате зошто ви велам, дека ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во Царството Небесно? Затоа што, Новиот Завет на нашиот Господ – Богочовекот Исус Христос, бара чисто срце и од лоша помисла, а камоли од лоши чувства, зборови и дела. Во суштина, бара љубов и кон непријателите. Нема друг начин да се достигне чистотата на срцето.

Пресвета Богородице, спаси нас!



Митрополит Струмички Наум

 

Извор:http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7295

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2018
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2038
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 486
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

06/05/2026 - среда

Преполовение: Премудроста Божја; Светиот великомаченик Георгиј; Светиот маченик Лазар Нови;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная