Рождеството на Претечата – торжество за Бигорски
Свети Јован живеел на границата меѓу Стариот и Новиот завет. Тој е последен старозаветен пророк, а како Христов Претеча го подготвувал Неговото доаѓање, станувајќи учесник во новото Христово Царство, зашто тој е глас што вика во пустината: Подгответе Му пат на Господа, прави направете ги во пустината патеките за нашиот Бог... (Иса. 40,3-5).