Ирмосː Крепкиот Господ во борбите, го откри дното на бездната и Својот народ го преведе по суво, а во неа ги потопи непријателите, зашто се прослави.
Господ – Царот на вековиите, во Јорданските води го обновува Адама изгниениот, и ги смачкува главите на земните што се вгнездиле во него, зашто се прослави.
Кога благодатта на Светиот Дух ја најде твојата душа каква што ја сакаше – очистена од страстите, јасно го покажува во неа своето дејство, и за пресветло светило на светот, отче, те поставува.
Премудри (Атанасие), за светите ти беше како правило за светителството, а твојот живот стана образец за дејствување; твојот јасен збор – образец за созерцавање, а твоето учење се покажа како вистинско богословие.
Токму и затоа бесмислени ми се сите морализирања и „патриотизирања“, особено бесмислени, дури и неточни ми се гледаат сите анализи од перпектива на постоколонијална критика. Ако некаде може да се примени оваа концептуална рамка за објаснување, веројатно би можело да се аплицира на „Пред дождот“, затоа што тој и во својата идеја, и во својата тема, но и во нарацијата и во приказната...раскажува токму една таква приказна – „типично Балканска“, што не е случај со „Медена земја“.
Отпрвин, како човечко суштество, ме фати страв и си реков: Отецу, зошто ли ме прати овде? Зарем е ова рај? Да, ова е пекол, а не рај. Ќе видам како би можел овде подобро да се сместам, за да го исполнам правилото, додека Старецот не ме викне да се симнам. Ако тој така нареди, нема да се повлечам дури и да умрам: ако Старецот не ме повика назад, нема да се вратам. Подобро да се умре за послушание, отколку да се дезертира".
Така започнувам да го извршувам правилото.
Верувај во Господа и љуби Го, чувај се од нечистите помисли и од телесни задоволства и, како што е напишано во книгата Мудри Соломонови изреки, ‘не измамувај се со пренаситување на стомакот’, бегај од гордоста, моли се непрестајно, читај псалми пред и после спиење, проучувај ги заповедите што ти ги даде Светото Писмо, спомнувај си за делата на светите, та твојата душа помнејќи ги заповедите Божји да може да се угледа на нивната ревност...
Умот не е душата, туку е дар Божји, кој ја спасува душата. Богоугодниот ум оди пред душата и ја советува да презира сè што е привремено, светско и пропадливо, а да ги сака вечните, неземните и непреодните блага така што човекот, живеејќи во телото, со својот ум да го замислува и да го созерцава она што е небесно и божествено.
Зашто совршенството на монахот се состои во навикатаː со духот да управува со сѐ во себе си. Но, таквото самоуправување доаѓа заедно со чистотата на срцето. А чистотата на срцето се придобива кога со него управува умот, а со умот управува непрестајната молитва. Нападите од демоните биваат преку помисли и привиденија, кои се посилни тогаш кога сме осамени и безмолвни.
Многу ми е мачно, што денес луѓето ретко ги читаат житијата на светителите. Тие одиграа (а и денес играат) огромна улога во мојот живот, зашто се извор на вера и надеж. Кога човек чита за светителите, сфаќа дека напишаното во Евангелието е точно. Дека Евангелската историја продолжува и Христос навистина е со нас и ќе биде со нас до крајот на светот. Дека Светиот Дух го променува човекот и го прави великолепен.
Продолжувам таму каде што застанав минатиот пат: го поставив прашањето дали може и интелигенцијата да биде разочарана од својот народ, а не само и постојано (како што е состојбата на социјалните мрежи) народот од неа. И ако вистинската интелигенција има постојана обврска да го кажува своето мислење и со тоа да го води својот народ, нема ли и народот барем една обврска – во време кога секој има компјутер (ама ретко кој чита книга), да биде просветен и заинтересиран барем за државотворните моменти од сопствената историја, кога со гласање треба да си ја реши својата судбина?
Православна икона - тоа е особен вид самоизразување и самооткривање на Црквата; тоа е духовно поле во физичкото пространство, каде што се среќаваат радиусите на догматиката, мистиката, сотериологијата и естетиката (имајќи ја во предвид убавината како аспект на Божеството). Од гледна точка на видување на христијанската догматика (умосозерцателните вистини на верата), иконата сведочи за тоа дека Синот Божји стана Син човечки,
По повод празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, на 28. 01. 2020 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин
Многупати не сме ни свесни како го сееме семето ѓаволско. На пример, некој нè навредил и ние, така полни со мака и јад, наместо да Му се обратиме на Бога, да се помолиме и тоа да го исповедаме, ние одиме кај личноста која ни е блиска по дух или пак на кого прв ќе наидеме и сета мака и јад ја истресуваме пред неа. Е, сега, што правиме?
"Еднаш еден голем старец со своите ученици се најде на место каде што имаше кипариси различни по големина, мали и големи. И му рече старецот на еден од учениците: ’Искорни го овој кипарис’. Тоа беше малечок кипарис и братот со едната рака веднаш го искорна. Потоа старецот му укажа на друг, поголем од првиот, па му рече: ’Искорни го и овој’. Братот го искорна, влечејќи го со двете раце. Старецот пак покажа на кипарис поголем од
Не познавајки ги догматите на својата вера,многу свети маченици велеле:Верувам онака како што утврдиле светите отци.Човекот кој така го исповедал Христа,го ставале на маки.Односно,тој не знаел на гонителите да им даде докази за својата вера и на тој начин да ги убеди,но затоа имал доверба во светите отци.Мислел:Како да не им верувам на светите отци?
1. Услиши ја, Господи, правдата моја, чуј го гласот на молбата моја, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста.
2. Од Твоето лице нека излезе судот за мене; очите мои нека ја видат вистината.
3. Ти го искуша срцето мое, ме посети ноќе; со оган ме провери и не нејде неправда во мене.
Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”. Оној што ги оправдува своите страсти полека паѓа .
– Оди секогаш во една и иста Црква, и труди се таму навистина да бидеш од помош (не држејќи „предавања“ за духовниот живот, или за иконите, не преку „даскалствување“, туку преку „бришење на подот“ – како што советува преп. св. Серафим Саровски). Придржувај се до таквото служење и биди во потполно послушание на настојателот на парохијата;
– Не се наметнувај во служењето и не жали што „сите твои дарови не се искористени“, помагај и служи во она што е
Треба да го вкусувам смирението со лажица, повторно и повторно и често да се скрушувам.
Само тогаш, кога не примам ништо од ближниот, кога го пазам своето достоинство,
сакам да ме уважуваат, да ме сакаат, да ме бараат, да ме разбираат, одобруваат и признаваат,
тогаш Бог не е со мене.
Во неделата по Богојавление, кога Црквата го празнува споменот на преподобен Максим Кавсокаливит, Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Климент Охридски“, во Љубљана, Словенија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше осветен новиот параклис и крстилница при црквата „Свети Климент Охридски“.