Празникот на нестворената Божја светлина (19.08.2015)
Преображението Спасителово е извор на непресушна преобразувачка сила, која ја преобразува сета твар и сите суштества. Овој празник ни сведочи за духовната преобразба на човекот, за неговото духовно восовршување. Празнувајќи го, уште еднаш со духот се искачуваме на Таворската гора и со очите на верата, Го гледаме Спасителот како светли во Својата Божествена слава, со лице посјајно од сонцето и блескава бела облека.