Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис
Словото на пастирското расудување и човекољубие дозволува, па дури и наложува практикување на подвигот, под услов подвигот да не се сведи на еден вид седатив, туку да го задржи карактерот на лишување, на борба, откажување од својата волја, и жртва. И уште, Црквата на чедата свои, по економија им го дава најмалкуто од подвигот, а кога околностите и духовната зрелост на чедата ќе дозволат, ги подигнува границите на подвигот.