Вечерна во Кочани на празникот и заштитникот на градот св. ап. Петар (11.07.2015)
На 11. 07. 2015 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од брегалничката епархија. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на светите апостоли Петар и Павле и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одража пригодно слово.
















Бог јасно имал намера да остави особено обележје за Јован, дури и пред неговото раѓање. Кога била шест месеци бремена, Елисавета примила друг гостин, овој пат човек, нејзината млада сродничка од Галилеја по име Марија. На поздравот од Марија, мајката на Јован почувствувала и друго Присуство, кога младенецот заигра во нејзината утроба (1,41).
Прeд да гo oбјави чуднoтo зачнувањe на нeискусoмажната Дeвица, архангeлoт гo oбјавил чуднoтo зачнувањe на бeздeтната старица. Захариј нe им пoвeрувал вeднаш на збoрoвитe на гласникoт Бoжји и затoа јазикoт му сe врзал нeмилo, и oстанал нeм сè дo oсмиoт дeн oд раѓањeтo на Јoван. Вo тoј дeн сe сoбралe рoднинитe на Захариј и на Eлисавeта заради oбрeзувањe на младeнeцoт за да му стават и имe.




Но зошто да зборувам за семејните конфликти кога и нашето сопствено тело, коешто ни е најбиско и најскапоцено, станува наш непријател кога грешиме, кога ни се одмаздува со болести и страдања. Телото-роб ја повредува душата-владетелка кога таа греши не затоа што тоа го сака, туку затоа што така ѝ е заповедано. За тоа сведочи Христос, Којшто му вели на раслабениот:

























