![](http://bigorski.org.mk/wp-content/uploads/2018/07/Holy_Fire-036-1.jpg)
Нема друг пат во царството Божјо освен тесниот, крсниот
Преку многу неволји и жалости треба да влеземе во Царството Божјо, таков е духовниот закон. Апостолите, мачениците и преподобните, сите светии, влегле во Небесната слава преку многу голема жалост и неволја. „Зашто Господ го казнува оној, кој што го сака; го кара секој син, кого што го прима“. Очигледно нема друг пат во Царството Божјо, освен тесниот, крсниот.