Пристигнал мудрецот на небесата и се сретнал со Ангелот.
– Како го помина својот живот на земјата? – прашал Ангелот.
– Јас постојано бев во потрага по вистината – одговорил мудрецот.
– Тоа е прекрасно – го пофалил Ангелот.
– А што правеше ти за да ја најдеш таа вистина, со што се занимаваше за да ја увидиш?
– Мудроста ја собирале луѓето и ја запишувале во книги, затоа јас многу читав – му одговорил мудрецот на Ангелот.
Ангелот се насмевнал.
– Небесната мудрост им се предава на луѓето преку религијата, затоа јас ги изучував книгите и посетував храмови – одговорил мудрецот.
Насмевката на Ангелот станала посветла.
– Јас патував, беседев, спорев со други мудри луѓе и во нашите спорови се раѓаше правдата и вистината.
Ангелот благонаклоно се насмевнал.
Мудрецот замолчел…
Лицето на Ангелот станало сериозно, а насмевката исчезнала.
– Направив нешто неправилно? – зачудено прашал мудрецот.
– Правилно е сето тоа што ми го кажа, но ти ништо не раскажа за Љубовта – одговорил Ангелот, замислувајќи се.
– Јас немав време за таа Љубов, затоа што бев во потрага по вистината – гордо одговорил мудрецот.
– Каде што нема Љубов, нема ни вистина… Длабоката вистина се раѓа само од длабока Љубов – тажно одговорил Ангелот и се сокрил…
Извор: Бигорски манастир
Лето Господово 2019