логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 (Обновено)

1.pngПриказна за двата чувари

Некогаш одамна, децата ги чуваа ангели. Внимаваа да не паднат од дрво, да не нагазат трнче, да не се сопнат во потокот, да не заталкаат по шумата... Кога ангелот чувар малку повеќе ќе се занесеше од песната на птиците и од убавината на цвеќињата, се случуваа и мали незгоди. Но, тоа беше ретко. Децата, благодарни, постојано копнееја да Го гушнат Бога, па скокаа да Го дофатат. А, бидејќи имаше многу нешта за благодарење, децата скокаа по цел ден и нивниот весел џагор се слушаше дури до седмото небо.

А, потоа... е потоа нивните родители ја продадоа куќата и си купија станче во градот. Добриот ангел и понатаму ги учеше децата за сè, а особено за тоа дека треба да Му благодарат на Бога, но на соседите тоа некако не им се допадна...

Тато бараше да биде тивко кога ќе се врати од работа, а мама многу се грижеше заради новиот мебел. Но, деца како деца, чисти душички – по цел ден благодареа на Бога. Така ги учеше ангелот.

Се налутија мама и тато, му дадоа отказ на ангелот! Им требаше подобар чувар – некој кој ќе може да ги смири децата. Не помина многу, вработија друг на служба.

Дека е црн – црн е, дека е грд – грд е, ни рогови не му фалат, а и опаш. Од полицата ја тргна „здодевната“ семејна икона и наместо неа тука постави магична кутија.
А, кутијата пее, свири, се менува во сите бои! Ќе притиснеш на едно копче – ете ги слоновите во Африка, на друго – веќе си на дното на морето, на трето, некој трча по топката, на четврто известуваат за цените на пазарот... 2.png

Децата седат здрвени како кипови, не вреват, не дишат,2.png прескокнуваат оброци (или домашни), но сега барем не скокаат преку новите скапоцени столици. Сите се мирни и задоволни – и децата и родителите и соседите.

Црниот чувар како да нема мана. Но, сепак, има – многу се плаши од крстот! А неговиот бел претходник ги имаше научено децата да се крстат. Што ако некој од нив ги состави трите прста и... не, тоа не смее да се случи!

Затоа тој им постави уште една магична кутија, во спалната и уште пикна мала телефонска кутија во џебот, сè копче до копче, за трите прста никогаш да не бидат слободни за крст!

А, белиот ангел уште лета околу куќата. Зашто многу ги љуби децата. Дури успеа да се прикраде и на магичната кутија за замрзнување на децата да ѝ додаде едно свое копче. Па ако некое дете случајно го притисне, ќе се одмрзне и ќе може повторно да се крсти, да трча, да работи, да љуби, да Му пее на Бога, со молитва да летне до самото небо!

На тоа копче пишува – исклучи.   

Извор: Бигорски манастир

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2032
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2052
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 500
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го,на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваасо кои светот сакаше верата во...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная