Необјасниви пречки во работата на научниците во гробот Господов
Научниците, кои што го истражуваат местото на Христовото погребение во храмот на Гробот Господов во Ерусалим, се соочуваат со ретка околност: необјасниви електромагнетни пречки ја нарушуваат работата на некои мерни уреди поставени околу Гробот Господов. Имено, уредите почнале да работат со прекин или целосно се расипале. Истражувачите, кои се очевидци на овие појави, претпоставуваат дека инструментите биле погодени од силно електромагнетно зрачење.