Божествена Литургија во манастирот на св. Никола (19.02.2017)
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
Овие топли и мили очи се на великиот руски старец (Архимандрит) Кирил (Павлов) кој почина вчера, на 20 февруари 2017 година.
Тој е еден од најпочитуваните Старци во Русија во наше време. Со текот на изминативе многу години, архимандрит Кирил имаше висока и одговорна служба како духовник во манастирот Света Троица-Сергиева Лавра
Но, милоста Божја е неизмерна. Љубовта распната на Крстот за секој од Адам до последниот роден од жена (без разлика на нашиот избор кон Крстот – прифаќање или отфрлање) е надвор од секој човечки збор и ангелска благовест. Љубовта Негова е во тоа што ќе има Воскресение, а какво ќе биде, сепак, повторно нам ни остава
Што ќе правам во оној час кога ќе бидам заобиколен од моите познати, кои, кога ќе ме видат во таква лоша состојба, ќе се разбегаат од мене; тие ме сметале за блажен, зашто не гледале дека сум преполн со беззаконија и нечистотија и не знаеле дека сум Го заборавил Господа, Кој ги испитува срцата и утробата. – Таму е вистинскиот и жален срам;
Со своите сопствени раце ги поткопуваме темелите на нашето општество и создаваме предуслови за разорување и обесветување на сѐ. Нашето младо поколение денес најмногу страда и пати поради тоа што, ние, постарите, му предаваме и му оставаме во наследство едно заболено „општество“, обезбожено и материјализирано, затруено со саможивост и безнадежност. архимандрит Георгиј Капсанис
Нe грижeтe сe какo или штo ќe збoруватe... бидeјќи Духoт на вашиoт
Oтeц ќe гoвoри вo вас (Мт. 10:1920).
Oва сe збoрoви на Oнoј Кoј знаe сè и Кoј oбјавил на свeтoт знаeњe штo никoј прeд
Нeгoвата пoсeта нe гo знаeл.
Сo кoлкава слава на нeбoтo сe удoстoил св. Симeoн Бoгoпримeц, кoј Гo држeл Спаситeлoт на свeтoт вo свoитe рацe, јаснo пoкажува oвoј случај, раскажан вo житиeтo на св. Пeтар Атoнски (12. јуни). Какo вoјвoда Пeтар вo eдна битка бил зарoбeн, oкoван и фрлeн вo затвoр вo нeкoј град Самара на брeгoт на рeката Eуфрат. Тeмнувајќи дoлгo...
Значи, како еден радио-везист, така и ние монасите, ќе треба да се наоѓаме во чест допир со Бог и ако е можно во постојано слушање, за поголема сигурност, за да имаме секој момент неисцрпни Божествени сили. Природно, непријателот не мирува и секогаш напаѓа на разни начини. Сепак, можеме и него да го употребиме, на тој начин што ќе го направиме работник без плата, за да ни помогне во непрестајната молитва.
Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 - 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј.
Затоа, ниеден грешник не треба никогаш да се обезнадежи. Доволно е само да се покае, бидејќи неговите гревови се помалку од оние на ѓаволот. Човекот има и олеснителни околности бидејќи е направен од земја, а од невнимание може да се лизне и да падне во калта. Немаме оправдание, ако не сакаме да се покаеме и да се исповедаме, и сакаме да останеме во калта.
Искушенијата што ги допушта Бог се соодветни на нашата издржливост. Но за жал, многу често кон нив се додаваат зајадливите шеги и безрасудните зборови на немилосрдните луѓе, така што тогаш веќе гориме. Силниот ветар вообичаено ги крши тенките дрвја и ги откорнува оние без длабоки корени, а на длабококорените им помага уште повеќе да ги продлабочат.
Сетете се на зборовите на Митрополитот Калист Вер: „Во нејзината најдлабока смисла, љубовта е живот, енергијата на Создателот во нас.” Историјата покажала дека оваа енергија има способност да го промени светот и покрај сите тешкотии што владееле. Вистинската љубов има сменето од корен многу животи претходно и може да го прави тоа уште безброј пати во иднина.
Во историјата на блудниот син секој грешен човек може, а и должен е да се согледа себеси и својата судбина. Да ги согледа своите заблуди, престапи, отстапки, а во исто време, и можност да се врати од сите тие погрешни патишта. Секој човек е должен да ја чувствува благодатта и радосното престојување во домот на својот родител. Но, не само да ја чувствува родителската љубов, туку, истата и да ја ползува.
Светите Τри Светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст имаат секој посебен ден на празнување според календарот на Св. Православна Црква Светите Три Светители, секој одделно имаат ден за празнување во месецот јануари, и тоа: Св. Василиј Велики се празнува на 1-ви јануари, Св. Григориј Богослов на 25-јануари и Св. Јован Златоуст на 27-ми јануари.
Како што една дупка во конзерва предизвикува таа да се расипе бидејќи навлегува воздух, така и само една горда помисла, ако помине во нашата глава тогаш главата се полни со високомислие, та добродетелите стануваат неупотребливи.
Во македонскиот јазик, за овој поим не постои „чиста“ именка со завршено дејство, туку само оваа глаголска именка која дејствува, која не престанува да трае, да ровари, да гризе, да потсетува, да враќа назад, а животот тече хармонично и слободно само кога се одвива во сегашноста. Не се работи за носталгија, се работи за немоќ да се исчистиш од вишокот, да се прочистиш,...
Но, кој е Христос? Дали е истиот пред Пасха (пред Неговото воскресение) и после Пасха? Како, од една страна, првите христијани го гледаат Исус Христос се покажува како човек секојдневно меѓу нив, им предава, разговара, јаде и пие со нив, а од друга, Го гледаат како има божествени карактеристикикои се поврзуваат едни со други после воскресението?
Никој да не се издигнува над другиот, да не мисли дека е подобар од другиот и во нешто погоре од него, туку напротив, секој, како Христов ученик, да се смета полош од сите луѓе. Секој со љубов, простота, без славољубие и самољубие, со взаемно почитување, да му се покорува на својот ближен - во страв Божји,..
Омраза кон никого немај во срцето и зло за зло не враќај, но Божјата љубов придобиј ја; неа Светото писмо над сите добродетели ја поставува и ја споредува со Самиот Создател на сѐ, зашто таму е речено: " Бог е љубов" (1. Јов. 3,8). Паднатиот, но кој во себе нема омраза и завист, Господ нема да го остави паднат; рака ќе му подаде да стане, затоа што љубовта не ја отфрлил.
Како што од многу илјадници се наоѓа само еден, кој ги исполнува заповедите, сè што е според духовните закони, кои достигнале врвна духовна чиста молитва, ќе го преминат пределот и ќе се удостојат да ја гледаат тајната, зашто сосема се малкумина оние кои се удостојуваат да ја достигнат чистата молитва, а многумина се оние што со неа воопшто не се удостојуваат.