Тропар на св. маченик Христов Калиник 11 август/29 јули 2025
Душата без Љубов животот не го поима,
во таква вистина патот ти го помина,
о свети мачениче Калиниче,
сакајќи да го избавиш човекот од лагата,топли солзи кон Бога пролеваше
и телото да се изгори за сведоштво го предаде,
Христос ја прими од тебе жртвата принесена,
телото твое го сочува,
и ги милува оние кои го повикуваат преку тебе
светото Име Негово.