Што се всушност ангелите и која е нивната функција? – Проф. м-р Борче Грамбозов
Дионисиј Ареопагит во списот ‘’За Небесната Ерархија’’ (Περί τῆς οὐρανίας ίεραρχίας 6, 1 PG 3, 200D-201A), од собраните информации од Светото Писмо, прави една систематизација и ги сместува ангелите во три тријади, правејќи девет ангелски чинови: 1) Престоли, Херувими и Серафими 2) Власти, Царства, Сили и 3) Ангели, Архангели и Почетоци. Според Дионисиј Ареопагит, делото на овие ангелски чинови е светлопренесувачко.