Трет ден Божик- Божествена Литургија во параклисот на св.Стефан, Скопје

А ете, ние христијаните токму на Тој и Таков Цар Му се поклонуваме и веруваме дека воскреснал, им се јавил на учениците, се вознел на небото каде оддесно на Отецот седнал, па Духот Свети што од Оца исходи ни го пратил и ни ветил дека пак како Судија на сите ќе дојде. Ете, Нему светиот првомаченик и архиѓакон молитва Му принесува – да не им ги зема за грев камењата и навредите на загубените, туку прошка да им даде, согласно образецот што Самиот Господ од Крстот му го оставил.






Има ли Христос „детски радости“? Има, и Он не ги заснова нив со помош на милиони, туку со Својата радост, која ни ја предава со Телото Свое, Крвта Своја и Духот Свој. Кои се тие „детски радости“? Едната од нив е основна – Црквата. Црквата среде грижите од овој свет е место на кое децата навистина можат да Го познаат Бога и да ја имаат природната атмосфера на Рајот. Тука е привлечен домот, Рајот, богослужението, тајните,
07 јануари 2019
Рождеството Христово, светата Црква, најсвечено го празнува како еден од најважните настани во историјата на човештвото. Затоа што, ако Христос не се воплотеше и родеше, немаше да биде реално и нашето спасение. Раѓањето Христово му дава смисла на животот човечки. Христос се роди како човек и му овозможи на човекот да се роди повторно (преку крштението),
Со луѓето често се случува следново: ако некој е лишен од нешто, за него е навредливо да гледа како другите го имаат истото. „Она што немам и другите да го немаат“. Непријатно е да се осознаеш себеси лишен и понижен. Изобилието на другиот ранува и ожалостува и ретко кој умее да им ја „простува“ на другите нивната даровитост… Навредата и недоброжелателноста лесно се превратуваат во завист и злоба…




Царските часови се навистина едно благодатно богослужбено доживување на една особена празнична атмосфера, во која временото бледнее, речиси исчезнува и му отстапува место на вечното. Дверите на Рождеството Христово сега стојат пред нас отворени…



Од 1 јануари 2019 година, петта година по ред, е достапна обновената, бесплатна верзија на апликацијата „Православен календар“ за 2019 година, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса, која содржи: евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија на светители, како и тропари за поголемите празници.
Го прашале Христа: 
























