Крф – островот на свети Спиридон Чудотворец
Литија со неговите мошти се одржува четири пати во годината, и на секоја од нив се спомнува за некој особен настан во кој верниот народ се уверил во застапништвото на светителит: на Цветници, кога според преданието, светителот го заштитил локалното население од чума, на Велика Сабота, кога по неговите молитви жителите биле избавени од глад, на 11 август, кога се случило чудото со избавување на островот од османлиската опсада во 1716 година, и првата недела од ноември,