† СЛУЖБИ ВО СТРАСНАТА СЕДМИЦА †- манастирска црква на св.вмч.Георгиј, Криви Дол- Скопје
Велики Четврток (21.04.2022)
7:00
Утрена, Часови и Вечерна Василиева Литургија
По завршувањето на Светата Литургија ќе биде извршен маслосвет (елеосвештение)
Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Велики Четврток (21.04.2022)
7:00
Утрена, Часови и Вечерна Василиева Литургија
По завршувањето на Светата Литургија ќе биде извршен маслосвет (елеосвештение)
На 18.4.2022 година, Македонската Православна Црква започна со свештениот обред на Мироварение. Овој чин, којшто нашата Света помесна Црква го извршува по четврти пат од своето возобновување, започна со Литургија на Претходноосветените Дарови на која во присуство и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан,
Исусовата молитва се дели на три или четири степени. Првиот степен – усна молитва, кога умот често бега и човекот мора да вложува голем напор за да ги собере расеаните мисли. За оваа молитва е потребен труд, но истата на човекот му дава покајничко расположение. Вториот степен е умносрдечната молитва, кога умот и срцето, разумот и чувствата се едно; тогаш молитвата се извршува непрестајно, без разлика што и прави човекот – јаде, пие, одмора – молитвата си тече.
Ако го достигнеме ова самопознание и покајание, Великиот пост нема да ни биде време мрачно и тешко, или едноставно време за исполнување на нашите „морални должности“, туку дадена можност да ги омекнеме своите скаменети срца, што ќе нѐ приведе кон љубов за другите луѓе и непоколеблива љубов кон Бога.
Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница со Бог се осветува или очистува и целиот човек. Затоа „само нозете“.
Св. Кирил Александриски во негова беседа на Неделата на Цветници се осврнува на релацијата, но и на разликата помеѓу двата големи Господови празници. Вчера, вели, т.е. на Лазаревата Сабота, празнуваше Витанија, денес, т.е. на Неделата на Цветници, целата Црква го прима Божјото присуство. Вчера Христос му подари живот на друг, т.е. на Лазара, денес Самиот доаѓа кон смртта. Вчера воскресна четвородневниот, денес доаѓа во Ерусалим тридневниот.
Одговорот на сите овие можни недоумици е дека, всушност, се случува нов квалитет на личносни односи меѓу нив, и тоа не толку поради Христовата љубов кон нив – Неговата љубов никогаш не е под сомнеж, туку поради љубовта на Марта, Марија и Лазар кон Богочовекот Христос.
Обновено
Во својот ум или срце не би требало да имаме дури ниту една помисла, ниту добра, ниту лоша, зашто тоа место во нас ѝ припаѓа на божествената благодат.ВЕНО
Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.
Документарниот филм „1000 години-Сведок на светлината“, посветен на Бигорскиот манастир, по повод големиот јубилеј на манастирот, кој го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите, премиерно ќе биде прикажан в петок во 20 часот. Ќе се емитува на Националниот
За да се бориме успешно со страстите, секој од нас треба да ја открие онаа страст, која најмногу му наштетува и против неа да ја насочи главно својата борба, да употреби голема грижа да ги следи сите нејзини пројави и да се труди да ги задуши, против неа да ги насочува копјата на секојдневниот пост,
Жртви сепаленици на Бога не се потребни,
како и приноси осквернети од неразумност
и верување во човечки богови: о Јоиле,
срце подигнато кон небесата,
Се чини, дека внатрешниот спокој не е сврзан со тоа, како се однесуваат луѓето со тебе: тоа е резултат на дејството на двете добродетели врз срцето – кротоста и смирението. А да се научиш на кротост е можно само преку прифаќањето на таквиот кој тебе ти е непријатен, “токсичен” ближен.