Свети Макариј Оптински: За смртта
Твоето дете Господ го зема крај Себе... затоа што Негова волја било да ја пресели во вечното блаженство во татква невина возраст. Ние не знаеме, а на Бога е познато она што уште не сме го направиле. Он знае каква ќе била таа кога ќе пораснела – или несреќна или било што друго. Затоа ја зел крај Себе. Затоа твојата молитва не била примена и исполнета, затоа што на премудрата Промисла Божја нејзе ѝ било заповедано сега да оди одовде. Зборовите од Светото Писмо кои ги наведе: колку повеќе вашиот Отец небесен






Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да научи да љуби и никогаш нема да биде вистински љубен.
Христијанскиот живот е една борба. Првиот чекор на христијанинот е да научи да се бори. Од мигот кога христијанинот ќе посака да Го следи Христа, почнува една борба, една војна.
Ајде да го надминеме тоа чувство и да се покаеме. Оваа парабола ме тера на покајание, бидејќи ја чувствувам мојата недоволност, ништожност и пад во врска со ова прашање. И некои мои пријатели, духовници, но и обични верници ми велат дека „ние исто така го чувствуваме тоа толку силно во нашите срца –дека не сме такви какви што треба да бидеме“.
Во ерусалимскиот манастир посветен на Св. Марија Магдалина, односно во самата пештера која во христијанскиот свет е поврзана со последните денови од телесното битисување на Христос на земјата, според традицијата, беше отслужено сеноќно бдение. Имено, се работи за гетсиманската пештера во која се наоѓале апостолите Петар, Јаков и Јован во мигот кога нашиот Господ, непосредно пред Своите страдања, им се обратил, велејќи им: „Бидете будни и молете се!“
Мнозинството од народот смета дека добар поп е оној кој прави милосрдни дела. Некои ќе го ублажуваат попот кој се труди во добрите дела, иако потоа ќе го споредуваат со некој друг кој не прави, или на крајот од краиштата, не ги покажува.„Работата“ на попот не е да го храни народот, ниту да им ги плаќа сметките на оние кои не можат да си ги платат.„Работата“ на попот е да служи Божествена Литургија и да го проповеда Евангелието. Останатото,
Свeта Атанасија игумeнија (12 април) прeд свoјата смрт пoбарала oд свoитe сeстри, вo тeкoт на 40 дeна пo нeјзината смрт сeкoј дeн да пoставуваат трпeза за сирoмаситe и бeднитe. Нeјзината запoвeд сeстритe ја испoлнувалe самo дeсeт дeна, па пoтoа прeстаналe. Тoгаш свeтитeлката сe јавила вo придружба на два ангeла и им рeкла на сeстритe: “Зoштo ја пoгазивтe мoјата запoвeд?


Петар и Павле, сесветлите светилници на духовното небо, првоврховните и сефални Апостоли, ги чествува денес должно и со псалми и химни ги воспева нивните сечесни личности, Црквата Христова.
- Зошто кога човек ќе се разболи, велат, дека Бог го посетил?
Монасите имајќи го опитот на Живиот и Вистински Христос биле и се особено чувствителни при секој обид за искривување на верата. Секако, учители на верата се Епископите и пастирите во светот. Монасите се истакнуваат како исповедници на верата, секогаш кога верата е во опасност. Господ ги повикува сите верници да ја исповедаат верата: "Секој кој ќе Ме исповеда пред луѓето, и Јас ќе го исповедам него пред Мојот Отец Небесен" (Мат. 10, 32).

Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој, 50-ти број, обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
Но, и покрај тоа што црквата речиси целосно изгоре, во урнатините на црквата беше пронајдена чудотворната икона на Мајката Божја, иако доста оштетена. Уште едно слично чудо со оваа икона се случило во 1770 година, кога повторно после пожар била откриена недопрена, а само на десниот образ на Мајката Божја имало гребнатина. Многумина поклоници ја посетувале црквата со надеж за исцеление и постојат стотици записи според кои многумина добиле исцеление од чудотворната икона.
Во текот на реставрацијата во црквата посветена на Рождеството Христово во Витлеем, при реставрирањето на крстилницата во јужниот ходник на црквата беше пронајдена уште една постара крстилница, скриена во постоечката осумаголна крстилница, направена од ист камен како и столбовите на Црквата. Ова откритие ќе помогне во понатамошното расветлување на историјатот на оваа црква и нејзините археолошки артефакти.
Собирањето на подароците беше организирано од Здружението на луѓе со пречки од селото Горбачевка, во околината на Киев, кое вклучува 1457 луѓе со пречки, 115 деца со пречки, како и 42 деца со родители со пречки. Повеќето од нив не се во состојба да присуствуваат на хуманитарните настани, па затоа членовите на Здружението ги посетуваат дома.
























