Болката е сведоштво за љубовта

Болката е сведоштво за љубовта

Не страдаме само затоа што сме изгубиле сакана личност, туку и затоа што одеднаш сфаќаме дека светот продолжил понатаму, иако нашиот за миг застанал.
Денешното време нè учи болката брзо да ја потиснеме, да ја сокриеме и што побрзо да ја надминеме. Но љубовта не функционира така.
Кој вистински љубел, вистински ќе тагува. Болката не е доказ дека немаш вера. Многу често таа е доказ дека си љубел искрено.
Ме прашуваш каде е твојата мајка. Не можам да одговорам наместо Бога.
Но знам во каков Бог верувам. Во Бог Кој ја победи смртта така што самиот помина низ неа
.Во Христос Кој застана пред гробот на својот пријател Лазар и заплака, уште пред да го воскресне. Тоа значи дека Бог не ја презира нашата тага, туку ја споделува, ја осветлува и ја преобразува.
Затоа повеќе се потпирам на Неговата милост за твојата мајка, отколку на сопствените стравови и мисли.
Што се однесува до помените, те разбирам. Велиш дека не само што те тешат, туку и повторно ја отвораат болката, правејќи го отсуството уште почувствително.
Но тие се и чин на љубов и надеж. Тоа е начинот на кој Црквата сведочи дека смртта не го прекинува заедништвото на љубовта.
Плачи кога срцето ќе има потреба. Зборувај Му на Христос како што би му зборувал на најблискиот човек. Нема потреба ништо да криеш од Него.
И запомни нешто важно: отсуството не е спротивност на љубовта. Спротивност на љубовта е заборавот.
Додека љубиш, твојата мајка сè уште има место во твоето срце. А додека се надеваш во Христос, смртта веќе нема последен збор.—
Отец Хараламбос Пападопулос / подготви С.Стефковски






Понекогаш еден поглед без осуда може да спречи нечиј пад. Еден добар збор може да извлече едно срце од работ на очајот.
Според Достоевски, најголемата трагедија не е тагата. Најголемата трагедија е рамнодушноста.
Исцелението започнува со нешто што често боли – со признавањето на вистината. Исповедта
Депресијата и очајот го наведуваат човекот да се гледа само низ своите рани. Сè што е добро, убаво и живо како да исчезнува од
Една ноќ, Свети Гаврил Грузијски бил нападнат од разбојник и му побарал пари. Светителот му
Во оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на архангелот Гавриил: кога му се јави на Мојсеј кој во свое време го чуваше стадото Јоторово,
Овој голем Божји архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја
Гавриил ѝ се јави во архангелска светлина и ѝ рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“ И сѐ друго, како што пишува 
Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод
Нашиот Крст не треба да има само автотераписка, туку треба да има и соборнотераписка димензија.Има ли соборен Крст,
Кога демоните им ги напомнувале нивните гревови, тие не влегувале во расправа. Не се обидувале со вознемирена упорност
Ставала икона од светителот врз преврзаната рака на детето.Еден ден го одвела Назар кај моштите на Свети Лука во Симферопол.А и самиот Назар се молел колку што можел — детски,
Кога говорам и за разните „првенства“, тие, без првенство на духовен авторитет, се само првенства со административно значење.
На небесата гледајќи ја Божјата слава, а на земјата давајќи благодат од висините, началнику на ангелите, мудри Гаврииле, на Боќјата слава 
























