Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (08.06.2019)
Ѓаволот ја напаѓа секоја молитва, но особено е агресивен кон Исусовата. Со својот внатрешен глас, човекот може лесно да ги кажува сите други молитви. Меѓутоа, штом ќе ја започне Исусовата молитва, се собираат сите демони. Противењето на сатаната и војната што ја води тој откриваат колку е добра, духовна и плодоносна оваа молитва. Ние не сме разбрале што сме стекнале и колкава е ползата од оваа молитва.






Нeкoи нeупатeни луѓe пoвeќe мислат за крајoт на свeтoт oткoлку за крајoт на свoјoт живoт, иакo e јаснo дeка за oнoј кoјштo ќe дoјдe крајoт на живoтoт, дoшoл и крајoт на свeтoт. Нeкoј брат, стoeјќи прeд св. Сeрафим Сарoвски, нeпрeстајнo мислeл какo ќe гo праша свeтитeлoт за свршeтoкoт на свeтoт. Св. Сeрафим ја прoѕрeл нeгoвата мисла и му рeкoл: “Радoст мoја!

Покајанието е завет со Бога дека ќе водиме еден нов живот. Покајанието е извор на смиреноста. Покајанието е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесните добра. Покајанието е самоосудувачка мисла и грижа за себеси без грижа за надворешните работи. Покајанието е ќерка на надежта и порекнување на безнадежноста. Покајникот е осуденик кој не е лишен од чест. Покајанието е помирение со Бога по пат на вршење на добри дела, спротивни на претходните гревови.
Мамините синови се вистински кошмар за многу жени: со сите свои проблеми тие трчаат кај своите мајки, кај нив наоѓајќи поддршка и сочувство. Нивните мајки се обидуваат да им се мешаат во брачниот живот, да го наметнуваат своето мислење. Многу од нив се толку многу заслепени од љубовта кон нивните синови, што дури завземаат страна во сите брачни конфликти, поттикнувајќи ги младите мажи да не попуштаат пред своите жени,доведувајќи ги дури и до развод.
А кога се оддалечени од Божјата благодат, до нив се доближуваат нечестивите сили и децата стануваат неподносливи, прават неугледни дела. А оние деца кои имаат почит и ги слушаат родителите, наставниците и возрасните, тие постојано ја примаат Божјата благодат и го имаат Божјиот благослов. Благодатта ги закрилува и ги заштитува. Големата љубов кон Бога заедно со големата почит кон повозрасните, привлекува голема Божја благодат во нивните души и ги облагодетува до таков степен, што тие стануваат забележливи за другите, поради божествениот блесок на благодатта.
На празникот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, во храмот посветен на овие светии во селото Миравци, беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на клирици од гевгелиското намесништво на епархијата. На Литургијата присуствуваа голем број на верници од Миравци и околните места.
Односно, ти проштевам, но од сега па натаму ќе треба да го правиш ова, и она, и она – и веднаш започнуваме со советите, забраните, епитимиите, строгостите, така што на крај другиот зачудено прашува: „А што беше таа благост, добрина и насмевка кои ми ги покажуваше на почетокот? Тие убави фрази – ела кај нас за да почувствуваш нешто убаво? Каде е тоа убавото?“ Ние сме во Црквата и многу пати сме налик на оној поголемиот син од параболата, кој што бил добриот син, но немал никаква врска со татко си,
Не знам како се случува тоа, но повеќето од нас влегуваме срамежливо во Црквата и после само 2 месеци ни се чини дека сме го проголтале целото црковно знаење и почнуваме да мислиме дека сега ќе го спасиме светот! Сега ќе ги променам луѓето! Сега ќе го осудам злото, лошите луѓе ќе ги направам добри! Кој? Ти, кој што пред малку си влегол во Црквата, или ти, кој што навистина си влегол пред многу години, но сѐ уште не си ја вкусил лично татковската љубов?
Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен. Вие сте во Христовата Црква кога се молите: „Господи, помилуј ме!“ Вие сте во Христовата Црква кога сте добри и трпеливи, кога не се гневите на својот брат, иако тој ги повредил вашите чувства.
Но, слепиот човек прогледал дури во оној миг кога станал послушен на Божјата заповед и ја прифатил Божјата промисла за себе, која била поинаква за него, ако ја споредиме со другите чуда Христови. Насекаде Христос исцелувал само со збор, но нему му ги мачка очите со кал и го праќа да се измие во Силоам. И тоа е клучниот момент за да разбереме што е она што го спречува благоволението – добрата волја Божја,
Господ Бог сака да ни го даде Царството небесно. Но, него ние како да не сакаме да го видиме и постојано зборуваме само за тоа во колку убава куќа треба да живееме, во што поубаво да се облечеме, како да изгледаме пред другите, а сите тие мисли се само суета и ништо друго. Многумина нема да бидат удостоени да влезат во Царството Божјо. Пред многумина рајските врати ќе бидат затворени и ќе ги слушнат Божјите зборови: „Бегајте одовде, зашто не ве познавам кои сте!
Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива и гледа своите гревови. Кога ќе открие еден грев, тогаш на чуден начин тој почнува да гледа уште еден и уште еден, кои дотогаш не ги забележувал.
Обрнете внимание на сѐ што изградил човекот – на куќите, на големите и малите згради, на градовите и селата... Обрнете внимание на луѓето и на нивната култура и цивилизација. Прашувајте, надградувајте го своето знаење за сѐ и сешто, не бидете рамнодушни. Тоа ви помага подлабоко да ги согледувате чудесата Божји.

Какo гoвoрeлe и какo гoвoрат свeтитe Бoжји луѓe и вeли: “Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe,ниту спoрeд свoeтo учeњe, ниту спoрeд свoјата збoрливoст, туку гoвoрeлe oд Духoт и спoрeд Свeтиoт Дух. Мудрoста Бoжја сe изливала прeку нив и вистината Бoжја сe oткривала прeку нив. Свeтoтo писмo нe гo напишалo лажливoтo книжeвничкo пeрo (Јeрeм. 8:8), туку гo напишалe слуги и избраници на Свeтиoт Дух.
























