логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Скопје,2ри јуни 2019 лето Господово- Соборен храм на св.Климент Охридски

 

2-ри јуни 2019 лето Господово

Светиот маченик Талалеј

 

 Недела на Слепиот
(VI недела по Воскресение)
апостол Јован 9:1-38

 

О.Стефчо Беќарски:

ШЕСТА НЕДЕЛА ПО ВЕЛИГДЕН

ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ!

Евангелското чудо со исцелувањето на слепородениот човек ни дава можност да зборуваме за неговото духовно значење, зашто празнувањето на овој настан од евангелската историја е карактеристика која дава смисла на денешната недела. Во кондакот од денешната богослужба ги слушнавме следниве зборови, „Со духовните очи ослепен, кон Тебе Христе доаѓам, како слеп од раѓање, и во покајание повикувам кон Тебе: Ти, за оние кои се во темнина, Светлина си пресветла!", а овие зборови не тераат да размислуваме за двата вида на слепотија - духовната и телесната. Телесната слепотија е физички недостаток, кој не лишува од можноста да ги видиме убавините од овој свет, кои Бог ги создал. Не лишува од можноста да ги видиме своите родители, ближни и пријатели. За разлика од неа, духовната слепотија е многу пострашна, зашто станува збор за слепотија предизвикана од гревот, со која ние се лишуваме од можноста да ја видиме сопствената грешна состојба и да го видиме патот кон покајанието.

Нашата душа ја загубила способноста да Го види Бога, зашто е грешна, па затоа очите на душата можеме да ги очистиме само преку „покајни солзи". Духовното гледање претставува гледање на вистината. Вистината се состои во сфаќање на фактот дека сите ние сме грешни. Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива и гледа своите гревови. Кога ќе открие еден грев, тогаш на чуден начин тој почнува да гледа уште еден и уште еден, кои дотогаш не ги забележувал. Доволно е да ја здогледаме во себе гордоста, па таа да ни ја покаже зависта, па гневот, среброљубието и т.н. И тогаш човекот треба да започне да ги оплакува своите гревови, а покајните солзи ќе бидат во можност да го избистрат нашиот духовен вид.

Откако ќе ги погледнеме своите гревови, кои по број се колку морскиот песок, ќе сфатиме дека никаква човечка сила не е во можност да не ослободат од тоа море на гревови, дека ни самите не можеме да се ослободиме од нив. Секоја клетка од нашето битие, секоја педа од нашата душа е зафатена од болеста на гревот. Затоа, секој човек е должен да ги упати кон Христа Господа зборовите: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш!". Кога човекот ќе почне постепено да се очистува од гревот, во неговата чиста душа влегува Христос и тогаш во него пребиваат Христовите мисли, чувства и дела. Само на таков начин човекот го стекнува духовниот вид. Само на таков начин можеме да Го видиме Христа, да се соединиме со Него и засекогаш да пребиваме со Него во Царството небесно. Но, за да го достигнеме тоа, потребно е да да ја разоткриеме гревовната обвивка, во која сме завиткани и која му пречи на духовниот поглед.

Во Евангелието е речено: „Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога!". Кој е првиот чекор што треба да го направиме, ако сакаме да Го видиме Бога? Секогаш најпотребно е да започнуваме со молитва, и тоа молитва која ќе биде упатена директно кон Самиот Спасител: „Господи, Ти дојде во светот за да ме очистиш, за да ми дадеш духовен вид! Јас светлината не сум ја видел, зашто мојот ум е помрачен и јас се наоѓам во гревовниот мрак. Ако сум во мрак, тоа значи дека јас Тебе, Спасителу, не можам да Те видам, но јас верувам и знам дека Ти си тука, јас верувам и знам дека Ти ме слушаш. Затоа, Господи, очисти ме и дај ми можност да ги видам своите гревови!". А што е потребно да се направи кога по Својата милост, Господ ќе ни ги покаже нашите гревови? Потребно е да се сфати нечистотијата на секој грев, да се покаеме за него и да влеземе во борба со него. Потребно е секојдневно да просиме од Бога да ни ги открива нашите гревови, зашто, кога ние ќе се ослободиме од еден грев, кој ја заробил нашата душа, тогаш Господ ќе ни открие уште еден и уште еден. И на таков начин, како да одиме по скали, ние ќе ги упатиме нашите чекори напред кон Светлината-Бог. Постепено нашиот живот ќе се исполни со радост, чистота и Христова правда. Ние ќе ја здогледаме светлината и ќе сфатиме каде треба да одиме, ќе стекнеме можност да разликуваме каде е правдата, а каде лагата, каде е доброто, вистината, убавината... Така, борејќи се со гревот, ние ќе го познаеме вистинскиот пат.

Единствено борбата против гревот може да ни даде можност да ја видиме вистината. На таков начин постепено, според мерката на нашето движење кон Христа, ние се помалку и помалку ќе грешиме, се додека целосно не се просветиме. Впрочем, тоа е и целта на нашиот христијански живот, тоа е и стекнувањето на благодат, тоа е и нашето спасение. Потребно е да го знаеме и тоа дека Господ Исус Христос не дојде во светот за да му подари на слепиот вид или да ги излечи некому болестите. Господ Бог е добар и милостив и по нашите молитви Он ни дарува и здравје и било каква телесна помош, но Он не беше распнат на Крстот заради тоа, за ние да бидеме поздрави, побогати, посити, поубави... Колку и да сме поубави и поздрави, сепак, ние еден ден ќе умреме и нашето тело ќе биде предадено на земјата.

Господ Бог сака да ни го даде Царството небесно. Но, него ние како да не сакаме да го видиме и постојано зборуваме само за тоа во колку убава куќа треба да живееме, во што поубаво да се облечеме, како да изгледаме пред другите, а сите тие мисли се само суета и ништо друго. Многумина нема да бидат удостоени да влезат во Царството Божјо. Пред многумина рајските врати ќе бидат затворени и ќе ги слушнат Божјите зборови: „Бегајте одовде, зашто не ве познавам кои сте! По вашето крштение вие толку многу гревови сте ставиле на терет на вашата душа, така што јас повеќе не ве познавам. Кога се крстивте вие бевте ангелски души, а сега погледнете сами на себе на што личите! Јас ви дадов благодат а вие во што се претворивте? Во блудници, во стомакоугодници, во пијаници, во детеубијци и не можам да се начудам од каде кај вас толку многу нечесност! И такви какви што сте, го барате Царството Божјо. Тоа е неможно!". Во друга прилика Господ вели: „Како си влегол овде кога не си облечен во свадбена облека?". Ние можеби ќе одговориме: „Па како, Господи, јас Тебе Ти се молев?". Да, ти си се молел и си барал. Си побарал пари, си ги добил, си просел здравје - си оздравел, си се молел за своите деца, и си го добил тоа што си го барал. А го побара ли некогаш Царството небесно? Ти беше ли некогаш потребно Царството небесно или не? Ако не ти било потребно, тоа значи дека нема ни да го добиеш! Него ќе го примат само оние, за кого тоа е цел и смисла на животот, кои целиот свој живот го посветиле во барање на тоа Царство, кои се дале за да го придобијат тоа Царство.

И кога Господ ќе ја здогледа во нашето срце вистинската желба за Царството небесно, Он тогаш и ќе ни го даде. Само на таков начин можеме да го стекнеме Божјото Царство. Сите луѓе кои се родени на земјата се грешни, па затоа не треба да велиме дека Царството Божјо им припаѓа само на праведниците. Не, зашто таму сите се грешници, но грешници кои се покајале, кои плачеле за своите гревови, кои се бореле против своите гревови и кои целиот свој живот го положиле во исправање на своите животни патеки. Таквите не доаѓале напразно во светиот храм, туку доаѓале со молитви во устата и со покајни солзи во очите. Зашто Господ не гледа на лице кој е кој, туку гледа во човечките срца какви се и дали го бараат Царството небесно. Токму затоа да се трудиме да го стекнеме духовниот вид, да се излечиме од духовната слепотија, па така да го видиме во себе гревот и да го видиме и патот Христов, по кој секој од нас може да влезе во Царството Божјо.

Амин!

 

 Преминпортал (к.т.)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2683
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7133
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6965
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная