Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (25.02.2018)
Во првата недела од Великиот Пост, на 25 февруари 2018 година, кога МПЦ-ОА молитвено го слави споменот на св. Мелетиј Антиохиски и св.Алексиј Московски, во храмот Рождество на Пресвета Богородица,во Скопје,свештеникот Драган Јанковски во сослужение на свештеникот Константин Стевковски и ѓаконот Методиј Митановски отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.