Свв. Кирил и Методиј: Примери за евангелизација и христијанизација
Принцот Растислав од Моравија испратил писмо до византискиот цар Михаил III, во кое му ставил до знаење дека неговата земја го отфрлила паганството и го прифатила христијанството, но немале кој да ги поучи во верата на нивен јазик. Римските мисионери се обиделе да ги евангелизираат Словените, но не биле успешни затоа што се обидувале тоа да го направат на латински или грчки јазик.
Старец Емилијан Симонопетриски: Нашето присуство во храмот – III дел
Во една прилика кога служел, неговите двајца ученици наеднаш забележале дека не се само тројца во олтарот, туку четворица. Гледале запрепастено: кој е четвртиот? Ова им било прв пат да го видат и го прашале светиот: „ Четворица сме, што се случува?“ „Тивко“, им одговорил тој, „ќе ви објаснам подоцна. Тоа е светиот ангел, кого Бог ми го испрати. Секогаш доаѓа и ми прислужува“.






Мачeништвo за вeрата мoжe на сeбe да прими сeкoј христијанин, какo за врeмe на гoнeњата на вeрата така и за врeмe на мир. Авва Атанасиј рeкoл: “Биди мачeн сo сoвeста, умри гo грeвoт, умртви ги зeмнитe удoви и ќe бидeш мачeник спoрeд свoјата жeлба. Тиe сe бoрeлe сo царeви и сo кнeзoви, и ти гo имаш за цар грeвoт, ѓавoлoт и дeмoнскитe кнeзoви.
Свeтиoт Дух, кoј прeку вдахнoвeни луѓe, ги напишал бoжeствeнитe збoрoви, ќe чуe и ќe разбeрe и ќe пoбрза да ти пoмoгнe: и ќe разбeрат и ќe oсeтат дeмoнитe и ќe пoбeгнат oд тeбe. Oнoј Кoгo Гo пoвикуваш на пoмoш ќe разбeрe, и тиe штo сакаш да ги изгoниш oд тeбe, и тиe ќe разбeрат. И двeтe цeли ќe бидат пoстигнати.
Еден источен цар имаше големо богатство.Беше голем среброљубец.
Световните луѓе кои телесно ги хранат богати јадења, а душевно пофални зборови, остануваат гладни и празни духовно. И престолот и власта кон кои се стремат ќе останат во овој суетен свет и тие ќе бидат само со своите соништа кои уште повеќе ќе ги измачуваат во другиот живот, бидејќи станаа причина за нивното лишување од небесните блага. Додека, пак, оние што се бореа духовно и ја претпочитаа сиромашната трпеза и обичното столче
Ова што ќе го раскажам се случуваше за време на катастрофата во Чернобил. Луѓето беа вознемирени и секој ден десетици од нив го посетуваа старец Порфириј близу Атина, прашувајќи го што ќе се случи, и дали Антихристот ќе дојде за да нè жигоса со трите шестки.
Најлесниот пат кон спасението е преку љубовта и смирението. Ако ги немаме во нас ќе бидеме судени. Тие две добродетели го смилостивуваат Бог и Неговите созданија ги издигаат на небесата. По тие одлики светите Ангели ги определуваат Божјите чеда, со љубов ги земаат и без страв ги преведуваат низ воздушните митарства, и ги вознесуваат кон нежнољубивиот Отец, кон Бога.



Така значи, кога влегуваме во храмот ние го поминуваме растојанието од земјата до небото. Ги преминуваме ѕвездите, ги оставаме ангелите зад нас и се искачуваме таму каде што стои Пресвета Троица. Тоа е таинство на нашата Црква. Го гледаме лебот и виното, но кој од нас не верува дека тоа е Христос? Го вкусивме виното и лебот, но кој нас не верува дека тоа се тело и крв Христови!
Светиот свештеномаченик Јаков бил една маркантна личност од првата црковна заедница. Овој светија, познат и како брат Божји, не бил само Христов сродник по плот, туку и попримил длабоко од Неговиот дух. Бил толку праведен што го нарекувале „праведникот“, и таа карактерна црта му останала за време на целиот негов живот. Според црковното предание, тој е составувач на првата Литургија, првиот текст, од кој подоцна произлегле и останатите Божествени Литургии.
Покајанието има четири степени. Тоа може да биде мало, средно, големо и совршено (евангелско). Незадоволството од себеси, е мало покајание. Срамот од себе и од своите лоши дела и гревови, е средно покајание. Гневот кон себе поради направените гравови, е големо покајание. А да се мразиш самиот себе, тоа е совршено или евангелско покајание.
Брате ти се жалиш и велиш: „Изнемоштувам од моите искушенија“. – Не очајувај, брате, Бог не те оставил и нема да те остави. Знај дека е неизменлива пресудата, која му ја изрекол на нашиот праотец Адам, кога му рекол: „Со пот од лицето свое ќе јадеш леб“ (1. Мој. 3, 19). Како златото, кое се претопува и пречистува, станува добро да биде употребено и во царската круна, така и човекот, кој гори од страдања, ако трпи со благодарност
"Кога некој се обидува да ги постави црковните работи на православен начин, а целта му е себеси да си благоугоди, како може таквиот да биде благословен од Бога? Ниту, пак, треба да се воодушевувате од оние што црковните проблеми ги поставуваат на многу добар начин, православно, а самите не си го знаат местото во Црквата и ја потресуваат со безрасудни крајности или лекомислености во однесувањето.

Секуларизацијата христијанското општество го направи отворено и прифатливо за хуманистички и прагматични теории за животот, кои во најголема мера го засениле христијанското учење за гревот и покајанието. Учењето за гревот како отпаѓање од единството со Бога, од еден вистнски живот – во Него и со Него, сé повеќе беше заменувано со некој вид морална или обредна законитост, во која гревот првенствено значи престап на утврдено правило.
























