Во рамки на манифестацијата „Недела на заедничка молитва“ во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), на ден 14. 05. 2019 година се одржа настанот „Посета на верски објекти“ во Битола.

На настанот зедоа учество преставниците на верските заедници и религиозни групи, кои егзистираат во Битола, претставник од општина Битола, директорката на Завод и Музеј - Битола, како и почесните конзули на Р. Австрија и Р. Босна и Херцеговина, кои заедно со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски ги посетија верските објекти на верските заедници и религиозни групи во Битола.
При посетите на верските објекти низ разговор се запознававме со историјатот, верскиот живот и соживот, како и со предизвиците со кои се соочуваат верските заедници.
Исто така беше посетена и спомен - собата на Мустафа Кемал Ататурк во Завод и Музеј - Битола.