Старец Ефрем Филотејски и Аризонски - За страдањата, болката и трудот
За страдањата, болката и трудот
И сте ја заборавиле утехата која вам, како на синови, ви зборува.
(Евр. 12, 5)
Само со послушание и благодарење на Бог ќе ја покажеме својата потчинетост на Божјата волја. Зарем оној кој се потчинува нема да се удостои уште додека е тука да го здобие вечниот живот? Да, тој ќе живее во вечни векови.