логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Sample Image

 


Предговор „Проповедничка енциклопедија“
25.03.2015.

Најзначајно дело во мисијата на секој свештеник е служењето на Божествената Литургија. Во неа е собрано сѐ што ни е потребно за спасение: проповедањето на Евангелието, негово толкување, и најглавното - причестување со телото и крвта Христови. Во храмот, за време на Божествената Литургија народот се причестува заедно со својот епископ и со своите свештенослужители, и сите заедно стануваат Тело Христово. Но за да не биде верата слепа, без разбирање, за да не тоне народот во незнаење, секој свештеник е должен да проповеда.

„Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух,
 и учејќи ги да пазат сè што сум ви заповедал“ (Мат. 28,19). Господ, преку апостолите, ни заповедал на сите нас, Негови свештенослужители да проповедаме, да го научиме народот пред крштевање, и да го учиме постојано на пазење на Евангелието. Самиот Господ проповедал  во повеќе наврати, на различни места, пред различни слушатели. Најчесто говорел пред своите ученици и апостоли, со одделни апостоли, со лица кои Му биле блиски, пред влијателните во тоа време фарисеи и садукеи, пред грешници, пред млади и стари, во храмот пред тогашните учители во времето кога имал само 12 години, пред жената Самарјанка, со тајниот ученик Никодим, со книжниците, со богати и сиромашни, на свадбена веселба, при погребни поворки, пред оние кои Го љубеле и Го следеле и пред оние кои Го мразеле.

Неговата проповед е многу искрена, доверлива и уверлива, сигурна, храбра, со малку зборови многу кажува. Господ Исус Христос, Добриот пастир, подготвен е да ја каже вистината пред секого и на секое место. Не се плаши од силните и големците, туку ја говори само вистината, бидејќи Самиот Он е вистина. Исцелува болни луѓе и ги поучува да не грешат, или да благодарат, им открива како да се однесуваат кон болеста.

По Неговото вознесение на небесата и слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, тие ја започнуваат големата мисија, за потквасување на целиот свет со спасоносното учење Христово. Земаат свои ученици и охрабрени од благодатта Божја заминуваат секој на различна страна, и во нивниот краток живот, успејаа да го рашират благовестието за Христос Спасителот низ целиот свет. Оттогаш па наваму, речиси нема место, нема земја каде што не се слушнало за Христос нашиот Бог и Спасител. Нивната проповед ги освои срцата на сите кои ги слушаа затоа што беше поткрепена од благодатта Божја, која им се дава на смирените, на оние кои се сметаат за последни, за неважни. Затоа нивната проповед беше со голема сила.

Светиот апостол Павле вели: „Ако проповедам Евангелие, нема за што да се фалам: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене, ако не проповедам“ (1.Кор. 9,16). Во посланието, пак, до Тимотеј, апостолот Павле вели: „Сè, што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе, кои се способни и други да научат“ (2.Тим. 2,2). Јасно е дека секој пастир, уште од времето на апостолите и нивните ученици и наследници, е повикан да проповеда, да го благовести животот во Христа и со Христа. Но не е само Литургијата место и време за проповед, туку мора да се проповеда при секое молитвословие кое го извршува свештеникот: Крштевки, венчавки, погреби, парастоси, исповеди, осветувања, молебни, акатисти итн.

Според приликите, така и проповедта има различна форма, различна тематика, различна опширност. Литургиските проповеди најчесто се базираат врз прочитаниот извадок од Евангелието или од Посланијата, или, пак, врз житието на празнуваниот светител или празник, и тие се обично подолги. Проповедите кои се кажуваат при молитвословијата, имаат своја насока, своја специфичност, и треба да бидат кратки и поконкретни.

Како извор на информации за секоја проповед, најчесто се користи Светото Писмо, бидејќи тоа е основа на нашата проповед. Потоа, следува Добротољубието, кое изобилува со свеоотечки поуки за различни прашања, и го нарекуваме преработено Свето Писмо. Житијата на светиите се следен извор, кога станува збор за проповед на некој светителски празник, како и примерите од црковната историја. Не смееме да ги заборавиме проповедите и токувањата на најдобрите древни Свети Отци, од кои најмногу плод дал светиот Јован Златоуст, најголемиот проповедник за сите времиња, како и останатите велики Свети Отци на Црквата. Виртуозните проповедници говорат и за секојдневни теми и настани, се разбира, гледајќи ги низ призмата на Евангелието.

Секој свештеник е должен да се подготвува за проповед, пред да служи Литургија, или кога треба да говори во некоја прилика. Подготовката за неделна проповед мора да започне уште на почетокот од седмицата, за да може добро да се подготви. Како главен елемент на таа подготовка е подвижничкиот живот на секој свештеник. Оној кој нема подвизи, кој преку постот и молитвата не го загреал своето срце да гори од љубов кон Бог, таквиот нема да има успех во проповедта, колку и да е убаво напишана. Значи, ревноста за подвизи, молитвата и покајанието на свештеникот, неговиот однос со Бог и искуството кое оттаму произлегува, се клучен елемент во проповедта. Ако темата за која говори, не е проживеана најпрво од самиот свештеник, ако неговите зборови се од книга научени, а не од жив опит, тогаш ќе бидат како „бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи“ (1.Кор. 13,1).

Светителскиот живот на свештеникот е всушност најголемата и најприфатена проповед. Такви свештеници светители имало во Црквата и ќе има до крајот на вековите. Во наше време најпознати се светиот и праведен Јован, презвитер Кронштатски, светиот и праведен Алексиј Мечов, светиот и праведен Никола Планас, презвитер Атински, како и многу други помалку познати свештеници светители. Светоста не е категорија резервирана само за архиереите, монасите и мачениците, туку секој христијанин е повикан да биде свет, а колку повеќе, пак, свештениците.

Во историјата на црковното проповедништво имаме блескави примери на проповедници, достојни за подражување. Ќе наведеме дел од нив:

Свети Климент Александриски, начелникот на познатата Александриска школа, роден во Атина во незнабожечко семејство. Добил одлично образование, но не нашол задоволство во него, и го примил христијанството. Со цел да стекне христијанско образование тргнал на патување во главните градови на Грција, Мала Азија, Италија и Египет. Во Александрија се сретнал со началникот на тамошното познато огласително училиште, во кое се подготвувале „огласените“ за крштение, па станал тамошен ученик, а потоа и наследник во раководењето со училиштето, при што добил и свештенички чин во 199 година. Се упокоил во 219 година, во длабока старост.

Свети Григориј, епископот Неокесариски, Чудотворец, роден на почетокот од III век во Неокесарија. Бидејќи бил имотен, заради подобрување на образованието, шетал низ градовите на Грција, Италија и Египет. Во Кесарија Палестинска се запознал со уште тогаш познатиот учител на Црквата Ориген и станал негов ученик. По неколку години учење под негово раководство, се вратил во својата родна земја со намера да се посвети на подвижнички живот, но не по негова волја бил ракоположен за епископ на Неокесарија. Како архиереј поминал 30 години, чудотворејќи, и затоа во историјата влезе како чудотворец. Се упокоил во 270 година. Древните писатели го нарекуваат „велик проповедник“, но до нас стигнале мал број негови проповеди, претежно со догматска содржина.

Свети Атанасиј Велики, архиепископот Александриски, роден при крајот на III век во Александрија, од родители христијани. Стекнал образование во александриското огласително училиште, каде што омилени предмети му биле Светото Писмо и делата на Светите Отци. Водел строг подвижнички живот. Како ѓакон учествувал на Првиот вселенски собор, и силно се борел против ереста на Ариј. По смртта на епископот Александар, тој, иако млад, бил избран за епископ на Aлександриската катедра (328 год.). Свети Григориј Богослов за него вели, дека неговиот живот и однесување се правило за епископите, а неговите догмати - закони за Православието. До нас дошле околу пеесетина негови творби, претежно догматско-полемички, во кои со големо воодушевување и цврсто убедување го разоткрива православното учење, а ги разобличува заблудите на еретиците. Зборува едноставно, разбирливо, точно и за сите јасно. Се упокоил на 2 мај 373 година.

Свети Кирил Ерусалимски се родил во Палестина околу 315 година. Од неговите дела се гледа дека стекнал прекрасно образование. Како човек образован и побожен, рано бил примен во клирот на Ерусалимската црква. Во 346 година веќе бил презвитер катихизатор и проповедник. По 4 години бил ракоположен за епископ ерусалимски. Од неговите дела сочувани се само 18 огласителни, 5 тајноводствени и едно предогласително поучение. Неговите дела се одликуваат со возвишеноста на мислите и едноставноста во изложувањето.

Свети Василиј Велики, aрхиепископот на Кесарија Кападокиска, е роден во 329 година во едно исклучително побожно семејство, чии членови се приброени во хорот на светителите. Стекнал образование во Атина, заедно со свети Григориј Богослов. Кога се вратил дома примил свето крштение и бил посветен за чтец. Сакајќи да се запознае со монашкиот живот кој тогаш силно цутел, заминал во Сирија и Палестина, па во Египет. Кога се вратил дома основал неколку манастири и напишал устав за нив, кој и до денес е значаен за монаштвото. Во 364 е ракоположен за свештеник, по четири години избран е за епископ, но уште пред да наполни 50 години, заминал кон небесните живеалишта во 379 година. Иако имал краток век, зад себе оставил огромно книжевно-богословско богатство. До нас дошле 9 беседи на Шестодневот, 13 беседи на псалмите и 25 беседи за разни случаи. Самиот тој, за својата проповед вели: „Имам една цел - сѐ да насочам кон изградување на Црквата“.

Свети Григориј Богослов (Назијанзин), архиепископот Константинополски, роден е во Кесарија Кападокиска во 326 година. Неговите родители Григориј (подоцна епископ Назијански) и мајка му света Нона се одликувале со голема побожност која ја пренеле и на својот син. За да се усоврши во образованието заминал низ Мала Азија, Александрија, каде што се сретнал со свети Атанасиј и бил проникнат од неговиот дух. Во Атина се подружил со свети Василиј Велики. Двајцата воделе сличен живот, редовно оделе само во црква или во школата, за други патишта не знаеле. По враќањето дома Григориј се крстил, и избрал да живее како подвижник во домот на родителите, за да може да им помага. Неговиот татко го ракоположил за свештеник, а свети Василиј го ракоположил за епископ. До нас се дојдени 45 негови слова по различни поводи, во кои се истакнува неговиот блескав ум, кој со човечки јазик успел да ги опише божествените таинства. Затоа од Црквата е наречен Богослов.

Свети Јован Златоуст, најголемиот проповедник на сите времиња, роден во Антиохија во 347 година. Бидејќи рано останал без татко, неговата мајка Антуса целосно се посветила на неговото воспитување и образование, особено во духовното растење и напредување. На 16 годишна возраст започнал да изучува ораторство кај познатиот учител Ливаниј. По смртта на неговата мајката заминал во манастир, близу Антиохија и таму поминал 4 години во строги подвизи и воздржание. Во Антиохија бил ракоположен за ѓакон и назначен бил да им служи на бедните. Пет години ги посетувал богатите семејства, за да испроси милостина за бедните, и од ова стекнал огромно искуство за животот, кое е толку очигледно во неговите проповеди. Откако станал презвитер, свети Јован не проповедал поретко од еднаш неделно, а понекогаш и секој ден. Гласовите за неговата слава стигнале и во царскиот двор. Кога умрел патријархот Нектариј во 397 година, изборот на императорот и клирот паднал на Златоуст. Со итроштина го довеле во Цариград, бидејќи знаеле дека неговиот верен народ никогаш доброволно нема да го пушти, и таму бил ракоположен за епископ на главниот град. И тука веднаш ја стекнал љубовта од верниот народ, но си придобил и непријатели од царскиот двор, бидејќи јавно ги изобличувал за нивниот раскошен живот, распуштеност и суровост. Прогонуван повеќе пати, на крајот во неговото место на прогонство, во денешна Абхазија, го предал духот на Бога со зборовите „Слава на Бога за сѐ“. Светиот Јован Златоуст уште додека бил жив па до денес е почитуван како пример за сите проповедници. Од него дошле до нас повеќе од 800 проповеди. Во нив наоѓаме објаснување речиси на целиот Нов Завет и многу од Стариот завет. Неговите проповеди имаат морално-практичен карактер, со цел оставање на гревовите и поправање на грешниците, и утврдување во добродетелите. Зборува со многу жив и убедлив тон, со необична едноставност и јаснотија, разбирливи за сите. Како толкувач на Светото Писмо бил далеку од крајностите на грубиот буквализам, како и од своеволниот алегоризам. Како воспитаник на Антиохиската школа, тој најпрво ја разјаснува буквалната, историско-граматичката смисла, а потоа укажува и на возвишената таинствена смисла. Обично неговтите проповеди имаат вовед, објаснување и поука. Ги користи сите околности од животот на човекот, за да ги повика кон покајание и добродетелен живот. За своите верници се грижи како татко за своите деца. Во краен случај изобличува, но не лица, туку постапки. Негови најпознати дела се „Книга за девственоста“, „Шест слова за свештенството“, „Беседа по ракополагање на презвитер“, „Слова против јудеите“ и многу други. Остана со векови како најголем и ненадминат проповедник за пример на сите генерации и толкувач на Светото Писмо.

Има уште многу големи проповедници во Светата Црква, за кои треба да се спомне, како што се преподобниот Ефрем Сириски, светиот Григориј епископ на Ниса (и брат на свети Василиј Велики), свети Амвросиј Медиолански, блажениот Августин Ипонски, свети Григориј, папа Римски - Двоеслов, преподобен Андреј Критски, свети Јован Дамаскин, преподобен Теодор Студит, свети Фотиј Велики, свети Григориј Палама, Свети Симеон Новиот Богослов, Илија Миниатис и многу други.

Кај нас најпознат и најголем проповедник е запаметен светиот епископ и просветител Климент Охридски, а подоцна јеромонасите Кирил Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски. Од поновата историја на нашата Света Македонска Православна Црква мораме да го истакнеме нашиот блаженоупокоен архиепископ Михаил, кој пленеше со своето беседништво, енциклопедиско знаење и умешност.

Оваа книга ја издаваме за сите генерации свештеници, да им биде раководител во подготвувањето на редовните проповеди, но пред сѐ, ги советуваме да се трудат со ревност и љубов да напредуваат во духовниот живот. Проповедта ќе допре до срцата на сите слушатели само ако е изречена од проповедник кој го проткајува своето богословско знаење со својот огнен подвижнички живот, и кој она што го зборува, го зборува од срце, со лично искуство. Бог да им помогне на сите свештенослужители да напредуваат во духовниот живот и проповедта, та идните генерации да имаат со кого да се пофалат.

Митрополит Повардарски

+Агатангел



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная