логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(текст на свети Фотиј, од Посланието до Михаил кнезот Бугарски)[1]

             „Првиот и Вселенски свет собор одржан во Никеја Витиниска (325 год.), собир на 318 божествени архиереи, кои имале во рацете суд за Вистината. Од нив први биле: Александар, кој откако го доби цариградскиот архиерејски престол управуваше (со него), маж почитуван поради длабока старост и сродна на неа разумност, блескајќи со животот и преподобноста на мислите и точноста на верата, имајќи ја, својствената за него, слобода пред Бога. Исто така Силвестер и Јулиј, познатите и прочуени претседатели на Римската Црква, од кои ниеден не дојде (на Соборот), туку ги испратиле Витон и Викентиј, секој наместо себе, во времето на своето архиерејство, та тие да бидат присутни на заедничкото Собрание, луѓе кои ја почитувале добродетелта и биле по достоинство презвитери. Кон нив е придружен епископот на Кордова, кој во времето на елинските (незнабожечки) гонења го остварил своето име Осија (преподобен), и го сочувал своето исповедање (на верата) неизвалкано од идолопоклонство. И Александар Александриски бил присутен, блескајќи со свештени подвизи, а со себе го водел и соборецот Атанасиј, кој тогаш го предводел чинот на ѓаконите, а не многу потоа му станал и наследник на архиерејскиот престол. А беше присутен исто така и славниот Евстатиј, украс на Црквата на Антиохијците, блескајќи со чистотата на верата, и достоен за восхит поради мудроста на зборовите и мислите. Со нив беше и Ерусалимскиот Макариј, пофалуван заради многуте видови добродетели. И многу други (беа), кои со апостолски харизми (дарови) и со маченички страдања блескаа, од кои Пафнутиј (Тиваидски), и Спиридон (од Кипар), и Јаков (Низибијски), и Максим, познати добри и прекрасни Првенци на добриот и чудесен Собор. Над сите нив блескал великиот и достославен Константин (цар), кој управуваше со скиптарот на Римската власт, кој го собираше Соборот и со своето присуство го правеше посјаен.

            Од толку и такви (луѓе) беше составен оној свештен Собор, судејќи некој си Ариј новаторот, поради злочестие (неправославие), и утврдувајќи ја Апостолската и Божествена проповед (на Вистината). А тој несреќник (Ариј) беше по потекло од Александрија, вброен во клирот на тамошната Црква, и искачувајќи се на степен презвитер, најпрво против својот пастир крена горда помисла, и оттука против Општиот Пастир и Господ го продолжи безумието. Зашто Синот и Логос Божји – о колку дрзок јазик и разум на оној! – го понижувал до твар и создание, не сакајќи да го сфати ни она од сите заедничко и самонаучено признание: дека секој син е од иста суштина и природа со родителот; и кој го става синот помеѓу созданијата, со тоа и отецот (му) го нарекол создание. Како што и кој (Бога) Отца го исповеда дека има творечка суштина и вечна природа, ќе исповеда воедно дека и Синот е од една иста (суштина и природа). Зашто (инаку), каде е таа автентичност на синовството, ако Отецот има една суштина, а Синот друга? О како нема (оттука) да произлезе многубоштвото на елинската заблуда, ако Божеството е расцепено на помала и поголема суштина, и ова е одредувана како прв и творечки Бог, а онаа разликувана како втор Бог, и слуга, и неодамнешен? Тоа се, значи, плодовите на Ариевото сеење зло (ерес).

                 Но овој, како таков што има уста хулна против Создателот, Свештениот Собор го лиши од свештенство, а неговата најбезбожна и богоборна ерес ја подложи на анатема. Синот пак и Логос Божји (Отците на овој Собор) свештенословејќи (<erolog/sante~)[2] јасно објавија дека е едносуштен и едноприроден и совечен на Родителот Отец, и дека има една иста власт и Господство, како што велат Божествените изреки (на Светото Писмо) и заедничките догмати на благочестивите (православните); добро знаејќи дека, како што е сведувањето на Троичното Единоначалство и Господство на едно лице – јудејско и христомрзечко (учење), така е и расцепувањето на нееднакви природи на Надсуштественото и Натприродно и Единствено Божество – елинско многубоштво. Во тоа е, значи, (и за тоа е одржан) Светиот и вселенски прв собор“.

(Првиот вселенски собор во Никеја го составил Символот на верата /првите 8 членови/, и донел и 20 канони, кои ги приложуваме во продолжение).

 

Послание на Соборот во Никеја до Египтјаните[3]

 

         До светата и велика по Божјата благодат Црква на Александријците и до возљубените браќа во Египет и Либија  и Пентапол, Епископите, кое се собрани во Никеа и Великиот и Свет Собор го сочинуваат – (ви испраќаат поздрав:) Радувајте се во Господа!

         Бидејќи Божјата благодат и најбогољубивиот цар Константин (Велики: 306-324-337 год.) нè собра од разни области и градови, и одржан е во Никеа Великиот и Свет Собор, секако се покажа неопходно  од Свештениот Собор и вам да ви се испрати писмо, за да знаете што сè е покренато и испитано, а што е одлучено и потврдено. Како прво од сè: испитано е сè за безбожието и беззаконието на Ариј и на оние со него, во присуство на најбогољубивиот цар Константин. И сегласно беше одлучено: да се анатемиса неговото безбожно верување, и богохулните зборови и имиња кои ги употребувал, хулејќи Го Синот Божји и велејќи: „дека е од небитие“ и „пред раѓањето не постоел“ и „имаше некогаш кога не бил“, и говорејќи дека Синот Божји со самовласноста бил приемчив за порок и добродетел[4], и нарекувајќи (Го) создание и творба. Светиот Собор сето тоа го анатемисал, не поднесувајќи ни да го чуе тоа безбожно верување, и безумие, и богохулни зборови.

           И сето тоа за него, каков крај добило, секако или сте чуле или ќе чуете, да не изгледаме дека сме го наклеветиле човекот, кој за сопствениот грев примил достојна плата. А толку зајакнало неговото безбожие што ги придобил и (епископите) Теона од Мармарика (покрај Александрија) и Секунд од Птолемаида (во Пентапол), кои го добија истото како и тој.

           Но, бидејќи (вас) благодатта Божја ве ослободи од тоа злословие (какодоксија) и хулење на тие лица, кои се дрзнаа да направат раздор и поделба кај отсекогаш мирољубивиот народ на Египет, остана (да се реши) и дрскоста (prop1teia) на Мелитиј (расколникот) и оние од него ракоположените; и затоа и за тоа дело ви соопштуваме вам, возљубени браќа, што одлучи Соборот. Беше благоволено, значи, откако Соборот човекољубиво се произнесе – иако по акривија (kat+ t4n #krib| l3gon – по точност) тој не беше достоен за никаква прошка[5] – Мелитиј да остане (како епископ) во својот град (Ликопол) и да нема никаква власт, ниту да поставува, ниту да хиротонисува, ниту да се појавува под тој изговор во друго населено место или град, туку само да има голо име на чест (епископ). Оние, пак, кои тој ги поставил, откако ќе бидат со таинска хиротонија потврдени (од архиеп. Александриски)[6], да се примаат во општење, под овој услов: да имаат чест (на епископ) и да литургисуваат, но да бидат втори по сите свештенослужители (епископи) кои се во секоја област и Црква (paroikjÈ kai 6kklhsjÈ) поставени од нашиот најчесен брат и сослужител Александар, така што тие да немаат никаква посебна власт да ги поставуваат оние кои им се допаѓаат, или да носат имиња (на гласање), или воопшто да вршат нешто без согласност на епископите на Католичната (Православната) Црква кои се под Александар. А оние (епиксопи) кои, по благодатта Божја и по вашите молитви, не се во ниеден раскол, туку се беспрекорни во Католичната и Апостолска Црква, тие да имаат власт и да поставуваат и да избираат имиња на достојни за клир, и воопшто да вршат сè според законот и установите црковни (kat+ n3mon kaJ qesm4n t4n 6kklhsiastik3n).

           Ако се случи да почине (умре, епископот) од оние во Црквата, тогаш стапат во честа на покојниот оние кои се неодамна примени, само ако се покажат достојни, и ако народот посака да го изгласа тоа, и да го потврди Александрискиот (Архи)епископ. Ова, пак, на сите други им е допуштено, а на Мелитиевото лице уште не му е истото одлучено (дозволено), поради неговиот одамнешен неред и поради површното и нерасудно негово мислење, (затоа) да не му се даде никаква власт или авторитет, на човек кој може повторно да ги направи истите нереди.

         Ова е она што е значајно и важно за Египет и за Најсветата Црква на Александријците, а ако е нешто друго канонски или догматски одлучено во присуство на господинот и најчесниот Сослужител и Брат наш Александар, тој, кога ќе дојде, поточно ќе ви пренесе, бидејќи беше и господар и учесник (kaJ kvrio~ kaJ koinwn3~) на она што се случи.

           И ви благовестиме (и) за согласноста (празнувањето) на Светата Пасха: дека по вашите молитви е остварен и тој дел, така што сите браќа на Истокот, кои порано ја служеа (Пасхата) со Јудеите, отсега ќе ја служат сложно со Римјаните и со вас, и со сите нас, кои од дамнина со вас ја запазуваме Пасхата[7].

          Затоа, радувајќи се, заради постигнатите успеси (to_~ katorq9masi) и заради општиот мир и согласност, и заради искоренување на секоја ерес, примете го со повисока чест и поголема љубов нашот Сослужител, а ваш (Архи)епископ, кој нè израдува со своето присуство, и во таа мера толку труд поднесе за да има мир и кај вас.

        Молете се, пак, и за сите нас, та ова што е добро одлучено, тоа и да остане со надеж – преку Седржителот Бог, и преку Господа нашиот Исус Христос, во Светиот Дух, Кому слава во вечни векови. Амин“.

 

--------------------------------------------------------------------------------

[1] Овој, од нас додаден, текст e на свети Фотиј, види во Svntagma 1,374-388 (PG 102,632-656).

[2] Овој израз, и многу други во овој текст, го покажуваат свети Фотиј како велик богослов, за когошто теологијата е: свештенословење за Сесвета Троица.

[3] Светиот Прв вселенски собор никејски (325 год.), освен Символот на Верата, и 20 канони, го составил и упатил ова Послание до Црквата Александриска (текстот е кај свети Атанасиј, во прилог на списите „За Никејскиот собор, 36“; исто така во Les Conciles Oecumeniques, p. 56-62), со кое Послание братски и татковски сака, иако нивниот архиепископ Александар и поголем број египетски епископи биле учесници на истиот Собор, да ги извести, од почит кон полнотата на Црквата во која се појавила причината за одржување на Соборот (ереста на Ариј), за своите одлуки: расчинувањето на Ариј и двајца аријански епископи од Египет, потоа решавањето на Мелетиевиот раскол во Египет, и одлуката за заедничко празнување на Пасхата. Овој црковен, Отечки и Соборски смирен пример и денес е за следење. Зашто одлуките на Соборот се однесуваат пред сè на Полнотата на Црквата, на Народот Божји и неговото спасение во заедништвото на Вистинската вера и благодат на Светите Тајни во Црквата.

[4] Ова сфаќање од Ариј го примил и го застапувал Теодор Мопсуетски, когошто, помеѓу другото, затоа и го осудил V Вселенски собор (553 год.). Отец Јустин (Поповиќ), како професор по Догматика, оборил на докторски испит еден кандидат затоа што ја застапувал оваа заблуда на еретиците Ариј и Теодор Мопсуетски.

[5] Станува збор за Мелитиј еп. Ликополски во Тиваида (Горен Египет), кој се одметнал во раскол уште за време на светиот свештеномаченик Петар Александриски (300+311), па и потоа за време на свети Атанасиј Велики (328+373), кој Атанасиј жалел што Никејскиот собор бил снисходлив кон Мелитиј, зашто таа снисходливост ја злоупотребиле Мелитиевите епископи, здружувајќи се со Аријаните против Атанасиј.

[6] Недоволно јасен израз: musthkwt1ra ceirotonjÈ bebaiwq1nta~ (Дјејанија Вселенских Соборов: „утврдени со таинствено ракополагање“, додека В. Болотов го преведува со: „добива утврдување од подобра рака“! што упатува веројатно на друг текст), но кој секако значи дека архиеп. Александар Александриски го потврдувал (со повторна хиротонија или хиротесија) нивното свештенослужење и епископување, ако, и кога, наследувале Православен епископ, како што вели понатаму посланието. Обичајот за примање (на расколниците) со додатно „полагање раце“ на нив е практикуван и подоцна (види понатаму 8 канон и белешката 22).

[7] Никејскиот Свет Прв вселенски собор ги убедил малкуте Цркви од Крсновоскресна Пасха (на 15 Нисан, во било кој ден и да падне) да преминат на Воскресна – неделна Пасха на повеќето Цркви (која паѓа по Еврејската, празнувана во 14 ден од првиот месец (2. Мој. 12, 2; 13, 4: наречен Авив, подоцна наречен Нисан, кој го зафаќа март-април/, додека христијанското празнување се случува по пролетната рамноденица, и тоа по полна месечина по рамноденицата, и во недела/секогаш во недела/ која доаѓа прва потоа, така што Велигден никогаш да не се поклопува до Јудејската Пасха, која (т.е. 14 Нисан) може да падне во горенаведената недела, во кој случај христијанската Пасха се поместува за следната недела).

Извор: Ортодоксија ортопраксија

http://crkvaveles.wordpress.com/

 

МПЦ_ОА


Житие: Спомен на Првиот Вселенски Собор



               Спомен и пофалба на Светите отци од Првиот Вселенски Собор се врши во неделата пред Педесетница или во седмата недела по Воскресение.

Соборот се одржа во Никеја, во 325 година, во времето на царот Константин Велики. Беше свикан за да ја отстрани забуната којашто ја создаде александрискиот свештеник Ариј со неговото криво учење. Имено, тој ширеше учење дека Христос е создаден од Бога во времето и дека не е предвечен Син Божји, рамен по суштина на Бога Отца.

На овој Собор учествуваа 318 Свети отци. Соборот го осуди учењето на Ариј и Ариј го предаде на анатема, бидејќи не сакаше да се покае. Уште Соборот и конечно го утврди Симболот на Верата, којшто подоцна, на Вториот Вселенски Собор беше дополнет. На Првиот Вселенски Собор учествуваа голем број значајни светители, меѓу кои особено се истакнуваа: Свети Николај Мирликиски, Свети Спиридон, Свети Атанасиј, Свети Ахил, Свети Пафнутиј, Свети Јаков Нисивиски, Макариј Ерусалимски, Александар Александриски, Евстатиј Антиохиски, Евсевиј Кесариски, Митрофан Цариградски, Јован Персиски, Аристак Ерменски и многумина други од Исток. А од Запад присуствуваа: Осија Кордобски, Теофил Готски, Цецилијан Картагенски и други.

Главната работа на овој Собор беше, значи, утврдувањето на Символот на Верата. Освен тоа Соборот го утврди и времето за годишното празнување на Христовото Воскресение (Велигден). Беа пропишани и дваесет други канони.

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная