Свети Наум Охридски - КАНОН НА АПОСТОЛ АНДРЕЈ

до пеколот симнати
со громогласна проповед
ги воскресна,Свети Апостоле,
велејќи им: покајте се,
зашто времето за спас на сите се приближи.
Четирите завети на Свети Наум
Еден ден пред Божиќ, кога свети Наум ја беше завршил светата Литургија во манастирот и ги беше причестил монасите и народот, почувствувал дека му се приближува разделбата од овој свет. Гледајќи го монасите неговото бледо лице, од кое излегувала некоја блага светлина,