Постојат различни начини на кои можеме да им се спротивставиме па лошите помисли, да го ослободуваме нашиот дух од секоја страсна или хулна помисла. Прв, кој го препорачуваат Отците на Црквата е покајанието. Вториот е да го насочиме вниманието и нашето битие на нешто друго. Кога нашето внимание за ова другото се продолжува, непријателот престанува да се интересира и нè напушта.
☦️Св Ефрем Сирин: Блажен е оној кој со ревност расне во молитвата...
Блажен е оној кој со ревност расне во молитвата; кон него, само ако таквиот е чист од секаква измама, нема да се приближи лукавиот.
Но, обрни внимание на тоа што им кажал Спасителот наш на чистото стадо Свои ученици, кога ги учел да се молат:
Оче наш, Кој си на небесата; Тој нè учел да се молиме: прости ни ги долговите наши, како и ние што им ги простуваме на нашите должници (Мт. 6, 9, 12).






И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите.
„Во историјата на науката, уште од познатиот процес против Галилео, не еднаш сме слушале дека научната вистина не може да се помири со религиозно толкување на светот. Макар и да сум убеден дека научната вистина е неприкосновена во својата област, јас секогаш сум сметал дека е невозможно да се отфрли религиозното мислење како една застарена фаза во развојот
Неопходноста од хармонија меѓу внатрешноста и надворешноста на човекот, поттикнува будност над изреченото слово и тоа таква будност која што во својата суштина е едно прекрасно запазување на духовниот живот. Освен лажното слово постои и таканаречено празно слово. Ние го изговараме за да си ја разонодуваме душата која се испразнила од сѐ; во неа нема ништо полезно
Штом го ислушав со внимание му реков да не го повторува ова што го прави, без разлика колку добро и да изгледа. Да оди во друг непознат град да најде работа – бидејќи имаше познавање и од водоводџиски работи – за да помага колку може и од неговиот недостиг, бидејќи таквата помош има поголема вредност. И кога некој нема ништо што би му дал на еден сиромав, а болува неговото срце, тогаш тој прави поголема милостина, бидејќи прави милостиња со крвта на срцето,
Излез баравме од бедата
Веднаш ќе забележиш дека му се случува преобразба. Започнува да испишува една нова насока и, ако разбере дека оваа љубов не е од мене но од Бога, тогаш врз него доаѓа Благословот. Спротивно, ако не го сфати тоа и почне да ми се заблагодарува за оваа љубов, тогаш упропастува се.
Вистината е чувството за Бога, коешто човекот го вкусува во себеси со чувството на сетилито на духовниот ум. Љубовта е плод на молитвата и таа со своето созерцание го возведува умот кон тоа ненаситно да ја посакува, кога умот без униние пребива во молитвата и човекот со умот, само во безмолвни помисли, се моли огнено и со жар.
Блаженоупокоениот Старец беше по потекло од Парос, каде што се замонаши и првомонахуваше, а потоа својот монашки подвиг го продолжи на Патмос, пред да се насели на Света Гора. Најпрвин му беше духовно чедо на блажениот Старец Филотеј Зервакос на Парос, а потоа и на светиот Амфилохиј Макрис на Патмос.
Овде во Сихастрија станале познати неговите аскетски подвизи. Не јадел ништо, додека не завршел со исповедање на народот, а исповедал понекогаш и по 15 часови без прекин; спиел многу малку и тоа само после полноќ, седејќи на мала клупа. Од своето молитвено правило никогаш не отстапил сѐ до самата смрт.
Бидејќи, кој се срами од Мене и од зборовите Мои, од него ќе се засрами и Синот Човечки, кога ќе дојде во славата Своја, и на Отецот и на светите ангели.
Одамна не се плашам од ништо
По ова јасно Светиот Дух ни дава до знаење и ни открива со самото тоа што поставува запирка и потоа укажува Македонец а не човек од Македонија што значи дека Македонец е поим и чувство на некој кој се стреми и моли за спасние од Бог а не и секој кој живее во Македонија, што можеме и тоа денес јасно да го увидиме..
Зрното на верата посеано во човечките души, раѓа живот. Оној кој искрено верува, го љуби својот небесен Отец и се потчинува на Неговата воља. А Неговата воља е совршеноста на човекот. Господ Исус Христос ја протолкувал симболиката на целата парабола по барање на апостолите. И кога сееше едно семе падна покрај патот, па беше изгазено, или исколвано од птиците,...
























