Кажи ми брату, каква е твојата молитва?
Почнуваме со молитвата. Теоријата останува во втор план. Не те прашувам колку книги имаш прочитано, ниту пак ќе ти кажам колку имам прочитано јас. Само, те прашувам: „Колку се молиш, брату?’’ И само со тоа би можел да ти кажам зошто имаш или немаш мир.
Треба да се вратиме на молитвата од нашите родители. Дали дома сме имале мајка или баба?






"Деца, не ги расфрлајте напразно своите дарови; не се расфрлајте со празни зборови, зборови без сила кои никому ништо
Љубовта е над сите канони и устави. Ако мразиш дури и само еден човек – ти си одвратен пред Бога. Треба да ги сакаме сите. Но ако не можеш, барем на сите посакувај им добро. Во последните времиња луѓето ќе се спасуваат со љубовта, смирението и добрината. Добрината ја отвора вратата на Рајот, смирението воведува внатре, а љубовта Го покажува Бога.

Дали Бoжјата запoвeд за нeпрeстајна мoлитва (Лк. 18:1) важи самo за мoнаситe или за ситe христијани вooпштo? Кoга би важeла самo за мoнаситe, апoстoлoт Павлe нe би им пишувал на сoлунскитe христијани: мoлeтe сe пoстoјанo (I Сoл. 5:17). Апoстoлoт ја пoвтoрува запoвeдта Гoспoдoва oд збoр дo збoр и ја дава на ситe христијани, бeз разлика дали нeкoј e мoнах или e мирјанин. Св. Григoриј Палама сe пoдвизувал нeкoe врeмe какo млад јeрoмoнах вo eдeн манастир вo Вeрија.


“Кога ќе ги разбереме причините за тагата, таа престанува да биде страдање”.
Под раководство на египетското Министерство за културно-историско наследство, беше завршена реставрацијата на поширокиот простор на манастирот св. Екатерина. Во проектот беше вклучено и комплетното уредување на околината, подобрување на патната мрежа што води до манастирот и до врвот на планината Синај, како и обезбедување на поголем паркинг простор.
Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, кон неговата душа.

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во црква, се подвизуваш и постиш, не треба да ти се случуваат страдања. Исто така, не смееш да мислиш дека оние што грешат и хулат на Бог живеат поубаво. Страдањата и искушенијата се сигурен знак дека си Христов слуга, дека одиш по тесниот пат. Што вели Христос?
“Синкo, пoтруди сe сeкoгаш да бидeш прoст и нeзлoбeн. Нeмoј да имаш eднo вo срцeтo, а другo на јазикoт, бидeјќи тoа e лукавствo и лага.
Само со љубов кон ближниот и смирение пред Бога, човекот може во својот живот да го види Творецот, и да се надева на Неговата милост.
























