Одговара: отец Горан Стојчевски
Прашање:
Зошто на Водици се скока по крстот во водата?
Дали е тоа според православието?
Благодарам...
Одговор:
Па... многу православно во поглед на Водоци ми е следното: http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=4580 односно, спуштање на Светиот Крст во водите и нивно осветување, и сметам дека нема потреба од скокање.
Прашање:
Каков е ставот на МПЦ во врска со календарот, и дали ќе го смени ме или не? Поздрав.
Одговор:
Сметам дека ставот е јулијански! Календарот не е пресуден во нашиот духовен живот, тоа што секоја Нова година се поставува истото прашање не е од верски, туку од некаков условно речено политички карактер.