Одговара: отец Горан Стојчевски
Прашање:
Заедно со сопругот, планиравме да имаме не повеке од 2 деца.Поради нашата лоша финансиска состојба, неколку пати абортирав.Кога сватив колкав грев направив, беше доцна.Постев, се молев, бев на исповед, но сепак не можам да си простам на самата себеси.Го молев Бога да ми даде трето дете, и ми даде.Тоа дете ни донесе многу радост во куќата, ми донесе храброст да се борам во животот, ни донесе среќа.Му го дадовме името Никола, бидејки св.Никола ни е наша куќна слава.Но кога и да се сетам на она што го направив, не можам да ги запрам солзите.Не можам целосно да се радувам , од срце да се смеам. Дали абортусот е грев што може да се прости? Барам прошка од Господа,а не можам самата да си простам. Ве молам за одговор. Секое добро.
Одговор:
Одговор: „Неопростив„ грев е само неисповеданиот грев! Кога сме свесни за нашите грешни постапки и помисли поставуваме почеток на нашето покајание кое треба да се реализира во Црквата, односно да се избере духовен отец (епископ, свештеник, монах) каде ќе пристапиме на исповед и согласно на тоа ќе добиеме поука од духовниот отец како понатаму да го продолжиме нашето покајание, кое секако доживува полнота со Светото причестување т.е. соединување со Христос Богочовекот, Оној Кој го чисти нашите гревови, Кого го примаме преку Светата Причест токму за опростување на гревовите и живот вечен.