Презвитер Горан Стојчевски
25-ти септември , лето Господово 2014
Прашање од : Ина
Kako da se molam za moite deca? Ednoto (15) e mnogu napredno za svojata vozrast, no ne veruva vo nisto, razocarano e vo se i e otfrleno od ,,drugarkite,, so koi porasna poradi nejzinite uspesi(vo ucilisteto) pretpostavuvam. Drugata kerka (7) kasni so razvojot, ne moze da zboruva dobro i da uci,no e mnogu dobra i vesela. Se grizam za dvete. Kako da se molam za niv, kako da gi izvadam na prav pat vo ova surovo vreme kade razlicnite luge vo sekoja smisla ne se prifakaat od sredinata. Blagodaram za odgovorot.
Одговор:
Ве молам, простете ми и разберете ме реално, дека веднаш и „волшебно„ не можеме да ги решиме кризите во нашите животи и искушенијата кои ни доаѓаат. Но да му благодариме на Бога за сето, ако тоа ни служи да се вратиме со мисла кон Него, за до го примиме и во срцето. Да се молите, тоа е најдоброто и да верувате дека Бог ќе ви го даде тоа што го барате во молитвата е уште подобро. Но, и за молитвата треба труд и постојаност, и за верата исто така постојаност. Молете се со Исусовата молитва, Господи Исусе Христе,Сине Божји, помилуј ме мене грешната, а за ближните наши, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј го (ја),(името). Да се потрудиме да бидеме постојани во молитвата. Да се интересираме да поразговарате со свештеник околу начинот на постот, читањето на Светото Писмо на Новиот Завет, исповедта и секако почестото причестување, но без благослов од свештеник да не посегнуваме за причест. За христијаните, Патот, Вистината и Животот се Господ Исус Христос и дај Боже сите да тргнеме по Него, а Он ќе ни даде се што ни треба и колку што ни е потребно. Но, молитва, трпение и вера, и секако без очај.