9-ти јули 2013 год.
Прашање од:
Александар Павлоски
...Ве поздравувам сите! Јас сум Павлоски Александар од Прилеп. Имам 32 год., православен сум(озхенет и имам керка од скоро 2 години), имам процхитано СВЕТО ПИСМО -БИБЛИЈА два пати целосно, и повремено делови од НОВИОТ ЗАВЕТ повеке пати... ...Како схто се повеке и повеке навлегувам во ВЕРАТА, така некако ми се зголемуваат и искусхенијата... ...Знам дека е најдобро да разговарам со некој од вас во зхиво, за схто и имам зхелба, но за тоа сеусхте нема услови кај мене, па затоа ресхив да ви се обратам на овој нацхин... ...Пред да побарам некои мисленја(Ѓ”одговориЃ”) од вас за некои мои размислуванја и прасханја(кои ми предизвикуваат незгодни Ѓ”падовиЃ” -духовно...) морам да ја исказхам големата поцхит схто ја имам кон вас духовниците (иако до сега скоро не ми се слуцхил разговор со духовник(Монах,Отец), но верувам дека ке биде, само кога ке дојде Ѓ”редотЃ”...) и да пробам да ве уверам дека зад моите прасханја не се крие никаков обид да ве искусхувам или на било кој нацхин да ја зл
оупотребам васхата доверба... ...Ве ценам вас и васхето искуство во ВЕРАТА и мислам дека само вие мозхете да ми помогнете во мојата Ѓ”борбаЃ” со искусхенијата... ...Ке ги издвојам само прасханјата кои ми ја ослабуваат ВЕРАТА најмногу и повторно понизно ке ве замолам за васхето мисленје... -ИСУС ХРИСТОС рекол: кој не е со Мене, против Мене е...(моето прасханје е дали некој на пр. кинез кој зхивее праведен зхивот, но не верува во ХРИСТОС е со, или против ИСУС ХРИСТОС?) - ...Ние Христијаните веруваме дека насхиот БОГ -ОТЕЦ е Единствен, заедно со СИНОТ и СВЕТОИТ ДУХ...(но слицхно тврдат и Муслиманите, Будистите и други, која е всусхност вистината?) ...-Понекогасх (за зхал) си мислам дека нема БОГ(барем како схто си ГО замислуваме) туку ефектите од насхето веруванје е некаков Ѓ”плацебоЃ” ефект... -Схто се слуцхува после смртта со лугјето кои не се верници(или припадници на друга вера се) а зхивотот го зхивеат мозхеби по праведни од некој деклариран верник, дали одат во пеколот са
мо поради тоа схто не веруваат или?? ...доколку имаме пријател(на пр. Будист) и доколку(за да му указхеме поцхит) влеземе и се поклониме во негов храм(без да веруваме на неговоит Бог), дали тоа ке ни се зема за грев??? ...Имам и други слицхни на овие прасханја, но мислам дека овие се доволни... И за крај една моја Ѓ”дефиницијаЃ” која ја размислував неоддамна, во обид самиот да си дадам некое објаснуванје: Единствениот БОГ си ГО представив како една голема Планина, а разлицхните вери(религии) како планински разлицхни патеки, но сите водат до врвот од ТАА Планина од разлицхни страни....(и во оваа мисла се сомневам цхесто и некако ми нема сила) ..... ...Верувам дека васхите мисленја ке ми помогнат многу... Ако ме удостоите со Ѓ”одговориЃ”, ке ви бидам многу благодарен.... А ако пак не, верувајте ми дека нема да негодувам и нема да го изгубам убавиот став и мисленје схто ги имам кон вас. Останете поздравени, здрави и зхиви и БОГ нека е постојано со Вас.
Одговор:
Почитуван брате Александар. Како што вели св. апостол Павле: „Верата е жива претстава за она на кое се надеваме, и докажување на она што не се гледа“. (Евр. 11, 1). Или со други зборови, воплотување во нашиот живот на Оној Кој станал човек и живеел меѓу нас, и Кој понатаму живее во оние кои што веруваат во Него. Значи, пред се, верата е жив опит во Нашиот Господ, и само преку него можеме да познаеме Кој е Патот, Вистината и Животот. А додека тоа знаење ни е само од стилот историја на религиите, сите ќе ни изгледаат митови, и празно знаење.
Секогаш да се сеќаваме на простите рибари што ги избрал Господ, и на тоа како тие го добиле знаењето на верата. А имено преку послушание и живот со и во Христос, и дури после добивањето на дарот на Светиот Дух, на Педесетница, излегуваат на проповед. Како што вели св. Симеон Богослов: светлината е знаење, а не знаењето светлина. Да погледнеме во неисцрпната ризница на Светите Отци кои преку светлината задобиена преку начинот на живот, ни ги откриле тајните на верата, на непоколебливите маченици и исповедници, кои не пожалиле ништо, со цел да го задобијат Христос, и дури и ако не ја задобиеме таа светлина, барем за кратко на нашиот ум ќе му се разјаснат многу работи.
А понатаму, патот е еден за сите - преку смирение, преображение, крст, и воскресение. Да го задобиеме и сочуваме тоа смирение пред Бога, што го имале светителите, сигурно ќе ја најдеме Вистината, која е Една (зашто поинаку не може да има вистина), без разлика каде живееме. Примерот со св. Варвара, која била затворена во кула, само за да не стане христијанка, а сепак таму и се откриле сите вистини на верата. Така и со луѓето кои не го познале Христос, а живеат навистина праведен живот, еден ден ќе го познаат.
Бог го сака спасението на сите, и единствено по Неговата милост сите се спасуваме, така да никому нема да остане должник. Прашањето е, колку ние, доколку не сме ја познале вистината, можеме да живееме праведен живот? Тоа е онтолошко прашање до секого од нас. Да ни даде Господ да истраеме на тој трнлив, но блажен пат што води кон Христос, по молитвите на сите светии и Богородица. Ваши во Христа, Преминпортал.